Во Брисел конференција за Авганистан во организација на Европската Унија и на Авганистанската влада. Учествува и шефот на дипломатијата Попоски.
Вести
-
Македонија 05.10.2016 15:04
-
Македонија 05.10.2016 14:52
Одложен почетокот на судењето на Богоевски
Нема точен износ во обвинението колкава штета направил Павле Богоевски фрлајќи боја врз фасадата на Министерството за култура. Ова беше причината поради која се одложи процесот во кој му се суди на еден од водачите на „Шарената револуција“.
-
Македонија 05.10.2016 14:46
Трајанов со нов предлог законски измени за законите за СЈО и за заштитени сведоци
Предлози за измени на Законите за Специјалното јавно обвинителствои за заштитени сведоци поднесе пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Корекциите вчера не поминаа по скратен апостапка, денеска тој ги иницира во редовна процедура.
-
Македонија 05.10.2016 14:32
Голема излезност на првиот студентски референдум
Гласам за да не се врши притисок врз Универзитетот и за да има поголема контрола врз парите- рекоа некои од студентите додека го остваруваа своето право на глас. Во импровизирани гласачки кутии на 20 факултети се спроведе првиот студентски референдум на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
-
Македонија 05.10.2016 14:19
Нова градинка во Ѓорче Петров
Новата градинка во населбата Ѓорче Петров ќе одговори на потребите на новите генерации, и ќе се намали листата на чекање особено во оние општини каде што е зголемен наталитетот, изјави претседателот на Владата, Емил Димитриев на пригодната свеченост.
-
Македонија 05.10.2016 14:11
Отворено седиштето на Балканските медицински сили во Скопје
Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина, ја реализираа идејата од пред 6 години да формираат балкански наменски медицински сили. Во Скопје ќе биде постојаното седиште на штабот, а командувањето е по принципот на ротација.
-
Економија 05.10.2016 13:23
Раст на извозот од 6,4 отсто во првите осум месеци
Вкупната стоковна размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 7.505.321 илјади американски долари. Најмногу се тргувало со Германија.
-
Свет 05.10.2016 13:14
ЕП: Расправа за мигрантите во Кале
Бројните говорници ги подвкелоа ужанисте услови во дивиот камп наречен „џунгла“ и ја изразија загриженоста поради големиот број на малолетници без придружба и ризиците на кои тие се изложени.
-
Економија 05.10.2016 13:09
Соработката со земјите од ЦЕФТА не е на завидно ниво
И по 10 години од договорот за слободна трговија, соработката меѓу земјте од ЦЕФТА сѐ уште не е на завидно ниво- оценува универзитетската професорка, Ирена Кикерова.
-
Свет 05.10.2016 12:55
Ураган Mетју: Најмалку девет жртви, илјадници домови уништени
Ураганот Mетју, најсилниот во последните десет години се упати кон Бахамите и на југот на САД откако уби најмалку девет луѓе и уништи илјадници домови на Хаити и во Доминиканската Република, а со нешто помал интензитет погоди и делови од Куба.









