Поранешниот португалски премиер и Висок комесар за бегалци на светската организација Антонио Гутерес, е единствениот фаворит за функцијата Генерален секретар на Обединетите Нации, по тајното гласање во Советот за безбедност.
Вести
-
Свет 06.10.2016 10:08
-
Свет 06.10.2016 10:07
Бомбаш самоубиец упаднал во зградата на судот во Анталија
Информација за упаднат бомбаш самоубиец во суд во Анталија добила локалната полиција. Зградата е евакуирана, јави турската телевизија НТВ.
Полицијата презела засилени мерки за безбедност во реонот.
-
Економија 06.10.2016 10:03
Тутунарите чекаат повисока цена
Тутунарите очекуваат помал род, но со подобар квалитет од ланскиот. Првичните проценки се дека сезонава на монополите ќе им се понудат за откуп не повеќе од 25.000 тони тутун.
Десете монополи склучија 30.000 договори со тутунари и бараат да купоат повеќе за 1.000, односно 26.000 тони.
-
Македонија 05.10.2016 16:42
Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на судија за „Трезор“
Претседателот на Кривичниот суд го отфрли како неосновано барањето на СЈО за изземање на судијата на претходна постапка кој требаше да одлучува по предлогот за определување мерки за претпазливост за тројца од осомничените во случајот „Трезор“.
-
Економија 05.10.2016 16:26
За лицата со средно образование најмногу работни места на пазарот на труд
Странските инвеститори најмногу отвараат работни места за лица со завршено средно образование, кои се и најбројни во евиденцијата на невработени во Агенцијата за вработување. Но, најчесто тие немаат квалификации и вештини што ги бараат компаниите.
-
Македонија 05.10.2016 16:13
Трајанов поднесе законски измени за СЈО
Павле Трајанов ги поднесе измените на законите кои ги бара Специјалното обвинителство во редовна собраниска постапка. Тврди дека Собранието нема да се распушти на 12-ти туку после 20-ти октомври и дека има доволно време неговите измени да ги минат собраниските филтри.
-
Македонија 05.10.2016 15:54
Жбогар: Партиите се обврзаа да му дадат поддршка на СЈО
Партиите се обврзаа да му дадат поддршка на Специјалното јавно овбинителство, тоа е најдобрата алатка за да се истражи одговорноста којашто произлегува од прислушуваните разговори- изјави европскиот амбасадор Жбогар. Вели оти негов впечаток е дека партиите се подготвуваат за изборите.
-
Свет 05.10.2016 15:47
Гранична и крајбрежна стража ќе ја штити ЕУ од налетот на мигрантите
Откако Фронтекс не ја изврши целосно задачата, Брисел одвои 240 милиони евра за формирање на европските граничари командувани од седиштето во Варшава. За почеток, на располагање се 1.500 полицајци, а нивниот број и опрема рапидно ќе се зголемуваат, со буџет од 350 милиони евра во 2020-та.
-
Македонија 05.10.2016 15:35
Владата почнува со целосно обесштетување на поплавените
Почнува целосната исплата на оштетените лица во августовските поплави, одлучи Владата.
-
Македонија 05.10.2016 15:18
Метео: Променливо облачно со слаб локален дожд
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Ќе има мала веројатност за појава на слаб локален дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во петок кон крајот на денот.










