Секоја недела, „Викиликс“ ќе објавува документи за американските претседателски избори се до терминот на нивно одржување на 8 ноември. Контроверзниот портал одбележува 10 години од основањето.
Вести
-
Свет 04.10.2016 13:39
-
Македонија 04.10.2016 13:28
Земјотрес од 3,1 степен според Рихтер почувствуван во Скопје и околината
Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала беше почувствуван попладнево во 12 часот и 52 минути во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет.
-
Свет 04.10.2016 13:14
Мултијазичен робот поставен во Токио
Мултијазичен робот е поставен во туристички информативен центар во Токио. Роботот висок 90 сантиметри произведен од Хитачи комуницира на јапонски, англиски и кинески јазик со помош на вештачка интелигенција.
-
Економија 04.10.2016 13:08
Градежниците задоволни од побарувачката, цените остануваат на исто ниво
Анализата на податоците на цените на недвижнините на глобално ниво покажале благ пад на цената на станбениот и деловниот квадрат. Но кај нас, иако се гради со несмалено темпо, цените остануваат на исто ниво. Градежниците се задоволни од побарувачката.
-
Македонија 04.10.2016 13:04
Почувствуван земјотрес во Скопско
Околу 12 часот и 52 минути во Скопско е почувствуван земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтер, покажуваат податоците на Европската сеизмолошка опсерваторија.
Земјотресот бил со епицентар на 5 километри североисточно од Скопје, на длабочина од 5 километри.
-
Македонија 04.10.2016 12:51
Собранието не ги усвои предлозите за измена на законот на СЈО и за заштита на сведоци
Во Собранието, парламентарното мнозинство гласаше против донесувањето на измени на законите за СЈО и за заштитени сведоци во итна постапка. Шилегов од СДСМ побара поддршка за усвојување, поради како што рече, надминување на двегодишната политичка криза.
-
Свет 04.10.2016 12:37
Протест на мигранти во Белград
Неколку стотици мигранти во Белград излегоа на протест, барајќи Унгарија да ги отвори границите.
Оние што останаа заглавени во Србија очекуваа позитивен резултат од унгарскиот референдум за мигрански квоти.
-
Македонија 04.10.2016 12:33
Јолевски- Катич: Поддршка од Словенија за евро-атлантските интеграции на Македонија
Словенија дава безрезервна поддршка за македонските евроинтегративни процеси. Министерката за одбрана Катич потенцира дека Македонија одигра клучна улога во однос на бегалската криза.
-
Свет 04.10.2016 12:24
400 илјади деца-бегалци во Турција немаат пристап до образование
Според извештајот на Советот на Европа, 400.000 деца-бегалци во Турција немале пристап до образовниот систем лани.
Анкара вети дека сите 640.000 сириски деца, кои живеат во Турција, ќе можат да одат училиште.
-
Свет 04.10.2016 11:31
ЕУ постигна договор со Авганистан за мигрантите
Европската Унија постигна договор со Авганистан за мигрантскиот бран со кој ќе им бидат олеснети условите за враќање во татковината на Авганистанците кои не добиле азил во Унијата.










