Продолжува комисиската седница на која ќе се расправа предлог буџетот за 2017-та година. Владата предложи тој да изнесува 3,3 милијарди евра од кои 450 милиони ќе бидат наменети за капитални инвестиции, најмногу во сообраќајната инфраструктура.
Вести
-
Економија 30.09.2016 10:28
-
Свет 30.09.2016 10:25
Расмусен: САД треба да останат светски полицаец
Без американска интервенција во кризните региони, светот ќе биде понестабилен. ЗАтоа САД мора да продолжат да бидат лиери и да се справат со заканите навреме и превентивно, оцени поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Вашингтон.
-
Македонија 30.09.2016 10:16
Пченицата ќе се сее на 80.000 хектари
Есенва почна со добри услови за подготовка на полињата за сеидба. Во Македонија, како и лани се најавува житните култури да бидат посеани на 115.000 хектари, а најмногу од нив пченицата на 80.000 хектари.
-
Македонија 30.09.2016 10:13
Судското рочиште за „Дива населба“ отворено за јавноста
По исказите на заштитените сведоци, продолжува доказната постапка за предметот „Дива населба“. Судското рочиште е одново отворено за јавноста.
Обвинителниот акт товари 37-мина обвинети за тероризам и логистичка поддршка во минатогодишните мајски вооружени инциденти во Куманово.
-
Македонија 30.09.2016 10:10
Македонија домаќин на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ
Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На собирот учествуваат делегации од 51 земја од Европа, Централна Азија и Северна Америка.
-
Свет 30.09.2016 10:01
Шимон Перес денеска ќе биде погребан во Ерусалим
Почна погребот на поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на нобеловата награда за мир, Шимон Перес во Ерусалим.
-
Култура 30.09.2016 08:41
„Стисни Плеј“: На 7-ми октомври промоција на песната за Јуниорскиот Евросонг
Александра и Мартија вечерва во „Стисни Плеј“ ексклузивно ви ги откриваат деталите за учеството на Македонија на Јуниорскиот Евросонг.
-
Македонија 29.09.2016 17:12
Во ноември судење за протестите пред Општина Центар
Судењето на обвинетите кои учествуваа во протестите пред Општина Центар е закажано за 21 ноември - информираат од Кривичниот суд.
-
Македонија 29.09.2016 16:41
Спасовски со 11 измени во полицијата
Нови раководители на 7 сектори и 4 оддели во МВР. Ресорниот министер Спасовски вели дека постапува законски и според измените во законот за влада и договорот од Пржино. Сменети се првите луѓе во секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип, Охрид, Велес и Струмица.
-
Економија 29.09.2016 16:33
ОПЕК се договори, барел нафта достигна 49 долари
За првпат по осум години земјите членки на ОПЕК, на министерската конференција во Алжир, се согласија да го намалат производството на сурова нафта. Веста предизвика експресен раст на нејзината цена на нафтените берзи во Азија за шест отсто, достигнувајќи ниво од околу 49 долари за барел.










