Вести

  • Економија 12.09.2016 10:58

    Настап на саеми за нови деловни партнери и зголемување на извозот

    Почнува сезоната на саеми. Компаниите не се откажуваат од саемското претставување, без разлика на напредокот на технологијата и комуникацијата. Треба да те видат и да ги видиш идните деловни партнери, е мотото на бизнисмените. Само се менува фокусот- повеќе глобални, а не регионални саеми.

  • Македонија 12.09.2016 10:43

    Муслиманите слават Курбан-бајрам

    Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан- бајрам.

    Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

  • Свет 12.09.2016 10:41

    Избори во Хрватска: ХДЗ освои најмногу пратенички места

    Конзервативната Хрватска демократска заедница, ХДЗ, освои најмногу пратенички места на парламентарните избори. Но, гласачите повторно, на ниту една партија не и дадоа јасно мнозинство да формира влада.

  • Македонија 12.09.2016 10:31

    Село Глуво: Земјотресот ги оштети речиси сите куќи

    Нема куќа што помалку или повеќе не е оштетена во скопско Глуво, најблиску до епицентарот на попадневниот земјотрес. Некаде керамиди, паднати оџаци, внатрешна штета, распукани ѕидови.

  • Македонија 12.09.2016 10:26

    Мобилизирани екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување

    Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски синоќа одржа состанок со градоначалниците на општините на Град Скопје, нивни претставници, директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје околу земјотресите што го погодија Скопје.

  • Свет 12.09.2016 10:15

    Хилари Клинтон на лекување поради пневмонија

    Медицинскиот тим на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон соопшти дека таа има воспаление на белите дробови. Откако изгуби свест на комеморацијата по повод 15 годишнината од терористичките напади во Њујорк, Клинтон ја откажа кампањата во Калифорнија.

  • Македонија 12.09.2016 10:11

    Залихи на ориз пред новата жетва

    Нова главоболка за оризопроизводителите. Очекуваат добар род, но дел од ланската реколта се уште стои непродадена.

  • Македонија 12.09.2016 10:07

    Мирна ноќ во Скопско по серијата земјотреси

    По серијата земјотреси во текот на вчерашниот ден, мирна ноќ во Скопско. Последниот афтершок беше  синоќа во 20 часот и 57 минути. Сеизмолозите не ја исклучуваат можноста од дополнителни потреси со помал интензитет, но никој не може да ја предвиди природната појава.

  • Култура 11.09.2016 14:11

    Со „Ослободување на Скопје“ отворен 37-миот ИФФК „Браќа Манаки“

    Љубителите на филмската уметност со громогласен аплауз го наградија најновото режисерско остварување на двоецот Раде и Данило Шербеџија. Филмска сторија која го обработува животот на населението што останало по депортацијата на евреите.

  • Македонија 11.09.2016 08:48

    Понтификална света миса за Светицата Мајка Тереза

    На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска во рамки на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“ ќе се одржи понтификална света миса по повод нејзиното прогласување за Светица.

Pages