Вести

  • Култура 15.09.2016 13:25

    Античките мозаици- туристички адут за Охрид

    Македонија располага со раскошни антички мозаици кои можат да привлечат голем број туристи, особено вљубеници во културното наследство. Охрид има огромен потенцијал бидеќи во градот и долж крајбрежјето има 22 регистрирани локалитети, кои соодветно треба да се презентираат во светски рамки.

  • Македонија 15.09.2016 13:14

    Средба Вељаноски- Вуцис во Стразбур

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти која се оддржува во Стразбур, се сретна со неговиот грчки колега по функција Николаос Вуцис.

  • Економија 15.09.2016 13:10

    Комисија за финансирање и буџет: Рокада во дневниот ред по барање на ДУИ

    На барање на пратениците од ДУИ, по пауза од скоро еден час, Комисијата за финансирање и буџет со мнозинство гласови го смени редоследот на точките на дневниот ред за денешната седница.

  • Македонија 15.09.2016 13:08

    Саити: Парите за поплавените најдоцна в понеделник

    Парите што се собрани на сметката на Црвениот Крст за погодените од поплавените подрачја, вкупно милион и 20 илјади евра ќе пристигнат на трансакциските сметки на пријавените граѓани најдоцна до понеделник- изјави за МТВ генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити.

  • Македонија 15.09.2016 12:52

    ДУИ со предлог за ревидирање на границите на изборните единици

    Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери поднел предлог до координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА за ревидирање на границите на изборните единици и изедначување на бројот на гласачите по изборни единици.

  • Свет 15.09.2016 12:48

    Хилари Клинтон во добра здравствена состојба

    Хилари Клинтон е во добра здравствена состојба, соошти медицинскиот тим на демократската кандидатка за претседател на САД. Откако и се слоши на комеморацијата за жртвите на терористичките напади на 11 септември, и беше дијагностицирано воспаление на белите дробови.

  • Македонија 15.09.2016 12:18

    СЈО ги поднесе првите две обвиненија

    Специјалното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе два обвинителни предлога поврзани со кривични дела кои произлегуваат од незаконски присушуваните разговори.

  • Култура 15.09.2016 11:55

    Македонската филхармонија вечерва гостува во Кичево

    Македонската филхармонија вечерва гостува во Домот на културата во Кичево, каде со почеток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт.

  • Свет 15.09.2016 11:52

    Примирјето во Сирија продолжено за 48 часа

    Вашингтон и Москва се договорија да го продолжат примирјето во Сирија за уште 48 часа. Претходно американскиот државен секретар Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Серегеј Лавров постигнаа договор за прекин на огнот кој стапи во сила во понеделникот.

  • Свет 15.09.2016 11:24

    Берни Сендерс бара помилување на Едвард Сноуден

    Сенаторот од Вермонт Берни Сендерс повика за помилување на Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), кој објави тајни документи на разузнавачките служби.

Pages