Вести

  • Македонија 22.08.2016 14:55

    Собрани 740 илјади евра парична помош, акцијата продолжува до петок

    До петок се продолжува периодот на хуманитарната акција на Црвениот крст за собирање средства и пари за загрозените во поплавите во Скопско.

    Досега се собрани околу 740 илјади евра во пари, средства и во опрема кои ќе бидат дистрибуирани по утврдувањето на критериумите за распределба.

  • Македонија 22.08.2016 14:52

    Почна исплатата на авансната помош

    Почна исплатата на авансната помош на загрозените во неодамнешните поплави. Во секое село има пункт на кој граѓаните се информираат дали на нивната сметка пристигнала паричната помош. Парите ќе се префрлаат етапно во следниот период на сите загрозени семејства.

  • Култура 22.08.2016 14:31

    Културно- едукативен хепенинг „Кокино- тврдина на Сонцето“

    Поетско читање, предавања од астрономијата, работилници за керамика, филигран и оригами. Културно- едукативниот хепенинг „Кокино – тврдина на Сонцето“ со хуманитарна мисија, сите донирани средства од посетителите се наменети за жителите од поплавените подрачја.

  • Македонија 22.08.2016 14:25

    ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно за „Шпион“

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува по предметот против Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот „Шпион“.

  • Свет 22.08.2016 14:02

    Годишна воена вежба на САД и Јужна Кореја

    Над десетици илјади јужнокорејски и американски војници ги почнаа годишните воени вежби.

    Пјонгјанг им се закани дека ќе им се одмазди на Сеул и на Вашингтон ако покажат знаци на агресија во двонеделните вежби кои во голем дел се компјутерски симулирани.

  • Економија 22.08.2016 13:57

    Бензините и дизелот поскапуваат за два денари

    Нова цена на нафтените деривати. Од полноќ бензинот и дизелот поскапуваат за два денари.

    Регулаторната комисија одлучи- Еуросупер 95 ќе се точи по 61,5 денари за литар, 98- цата за 63,5 денари. Новата цена на дизелот изнесува 48 денари а на на екстра лесното масло 36,5 денари.

  • Македонија 22.08.2016 13:50

    УХМР: Попладне дожд, ветер и грмежи

    Во поголем дел од Македонија, особено во планинските подрачја попладнево има нестабилна облачност, на места проследена со пороен дожд и грмежи, а во Скопската котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

  • Свет 22.08.2016 13:19

    Нападната полициска станица во источна Турција

    Еден  војник загина, а тројца полицајци се повредени во напад врз полициска станица во источна Турција. Запалени се и две амбулантни возила, а безбедносните сили почнаа акција за неутрализирање на групата.

  • Македонија 22.08.2016 13:12

    АХВ oбезбеди храна за добитокот во поплавените региони

    Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека со цел да им помогне на сточарите од поплавените региони од донации има обезбедено и поделено околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот добиток.

  • Македонија 22.08.2016 13:06

    Денеска ќе бидат утврдени условите за распределба на средствата за помош на поплавените

    Денеска Црвениот крст ќе ги утврди критериумите за распределба на донациите во средства и пари што беа собрани претходните две недели за жителите од поплавените подрачја.

    Неофицијално хуманитарната акција е можно да продолжи и во наредната недела, велат во Црвениот крст.

Pages