На сметката на фондот за солидарност на Црвениот крст се собрани над 720 илјади евра. По завршувањето на акцијата, средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на граѓаните погодени од поплавите- изјавија во Црвениот крст.
Вести
-
Македонија 19.08.2016 13:02
-
Македонија 19.08.2016 12:57
Засилени контроли врз земјоделските производи во поплавените подрачја
Надлежниот инспекторат најави строга контрола на земјоделските производи од поплавените подрачја од Скопскиот регион. На излезот на селата ќе бидат лоцирани пунктови за проверка.
-
Свет 19.08.2016 12:39
Меркел: Санкциите за Русија остануваат на сила
Според германската канцеларка Ангела Меркел, нема причина да се укинат санкциите кон Русија зашто Москва не ги исполнила сите обврски од спогодбата од Минск.
-
Свет 19.08.2016 11:21
Де Мезие ја пофали Турција за одличната соработка во борбата против тероризмот
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие ја пофали Турција за одличната соработка во борбата против тероризмот.
Претходно тој изјави дека не жали што беа разоткриени документи од германската влада во кои се тврди дека Турција е седиште на исламските милитанти.
-
Свет 19.08.2016 11:15
Твитер затвори 360 илјади кориснички сметки кои промовирале тероризам
Социјалната мрежа Твитер објави дека од втората половина на минатата година затворила 360 илјади кориснички сметки кои промовирале тероризам.
Само во последните 6 месеци се поништени 235 илјади бидејќи правилата на мрежата забрануваат насилни содржини и закани.
-
Свет 19.08.2016 11:02
Статуи од гол Трамп во природна големина осамнаа низ САД
Противниците на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп се обидоа на комичен начин да го исмеат во неколку држави.
Статуите во природна големина од голиот Трамп беа откриени истовремено во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сијател и Кливленд.
-
Економија 19.08.2016 10:57
АЕК: Брзината на мобилниот интернет повисока од минимално пропишаната
Според најновите мерењата за квалитет на елктронските комуникациски услуги што ги направи Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), просечната брзина на интернетот од „Македонски Телеком“ е 13,5 МB во секунда, а во мрежата на оне.Вип 8,8 МB во секунда.
-
Свет 19.08.2016 10:38
Сириските сили удрија по Курдите во градот Хасака
За прв пат по пет годии, сириските сили извршија воздушен напад врз упориштата на Курдите во градот Хасака. Северниот дел на земјата е под контрола на курдското движење кое е поврзано со Работничката партија на Курдистан од југоисточна Турција.
-
Македонија 19.08.2016 10:31
Помош за настраданите во поплавите од Словачка и од Холандија
Во Дирекцијата за заштита и спасување денеска пристигаат донациите за настраданите во поплавите од Словачка и од Холандија.
Донациите ќе бидат предадени во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.
-
Економија 19.08.2016 10:25
Почнува изградбата на рудникот кај Казандол
Компанијата Сардич МЦ по двегодишни истражувања, на 25-ти август почнува со изградба на рударски комплекс за експлоатација на бакар во Казандол, крај Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник.










