Десетина земји најавиле нова помош која ќе биде доставена преку европскиот механизам за цивилна заштита. Надлежните информираат дека денеска пристигнаа пакети со храна за бебиња, средства за дезинфекција и опрема за работа од Унгарија.
Вести
-
Македонија 15.08.2016 15:37
-
Македонија 15.08.2016 15:31
Волонтери од цела Македонија несебично помагаат на загрозените
Последни подготовки на средсело. Лопатите на рамо и се тргнува на работа. Стајковци чиниш е Македонија во мало. Нема место од каде што нема волонтери кои дошле да помогнат на загрозените семејства.
-
Македонија 15.08.2016 15:27
90 насто од штетите од пополавите се проценети, жителите ќе бидат целосно обесштетени
Деведесет проценти од штетата што ја остави невремето е проценета - велат од Бирото за судски вештачења. Проценителите го запишале уништениот имот и покуќнина на илјадници семејства. Тимовите се во Сингелиќ и Стајковци.
Се вештачат и уништени возила.
-
Македонија 15.08.2016 15:24
Јанева: Во СЈО ќе има зголемена фреквенција на лица за искази поврзани со постапките
Специјалната јавна обивнителка Катица Јанева испрати соопштение до јавноста.
-
Македонија 15.08.2016 14:39
Метео: Стабилно и сончево време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Промена со слаб локален дожд попладне се очекува во четврток и петок, а за време на викендот ќе преовладува стабилно време.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 15.08.2016 14:22
Отворена седмата Школа за млади лидери, учесниците повикаа на хуманост
Во Охрид, на иницијатива на претседателот Иванов, се одржува седмата по ред Школа на млади лидери. Ќе присуствуваат 28 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, од Европската унија, САД, Австралија и од Египет.
-
Култура 15.08.2016 12:57
Димитар Котевски добитник на државната награда „Мајка Тереза“
Примариус д-р Димитар Котевски е добитник на годинашната државна награда „Мајка Тереза“.
-
Македонија 15.08.2016 12:51
Во Тирана уапсен македонски државјанин осомничен за тероризам
Во Тирана уапсен е македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во Исламска држава.
Потерницата по 46 годишниот Гостиварец била распишана пред една година.
-
Македонија 15.08.2016 12:49
Досега пријавени над 5.000 граѓани со спорни записи
На четири дека до истекот на рокот, до Државната изборна комисија пристигнале 5.022 барања за регулирање на избирачкото право. Се работи за граѓани кои се наоѓаат на списокот со спорни записи, каде фигурираат вкупно 39.502 граѓани.
-
Македонија 15.08.2016 12:44
Унгарија донираше за настраданите во поплавите
Унгарија донираше средства за дезинфекција, храна за бебиња и други неопходни средства за настраданите во поплавите. Уште четири камиони помош ќе пристигнат наскоро.










