Чешка ќе испрати 8 електрични генератори и 47 пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија. Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска.
Вести
-
Македонија 11.08.2016 10:13
-
Економија 11.08.2016 10:11
Субвенции за осигурување на земјоделското производство
До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанството.
Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.
-
Македонија 11.08.2016 10:06
Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
За денеска попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.
Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, информираат од УХМР.
-
Македонија 11.08.2016 08:31
Обиколницата отворена, се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
-
Македонија 10.08.2016 16:12
Пристигнува помош за настраданите во Скопско
55 тони вода, 5.500 пакети со храна, 190 душеци, 356 ќебиња и 210 килограми облека. Се донира интензивно. Телефонските линии и жиро-сметката на фонд за солидарност се сѐ уште отворени. Досега се собрани над 13 милиони денари.
-
Македонија 10.08.2016 16:09
МВР: Да се користи обиколницата, а не патот низ Сингелиќ
Министерството за внатрешни работи апелира до жителите на Арачиново, Стајковци и Црешево да ги почитуваат поставената сообраќајна сингализација и наредбите од полициските службеници, ако патуваат кон Скопје, да ја користат обиколницата, а не да минуваат низ Сингелиќ.
-
Македонија 10.08.2016 16:04
До пладне до ДИК пријави од 3.642 граѓани со спорни записи
До денеска напладне, до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 3.642 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
-
Македонија 10.08.2016 15:48
Жителите на Брњарци сами ги санират штетите, чекаат механизација
Од трите рида се слеваше матна вода која носеше сѐ пред себе. Ме потсети на цунамито во Јапонија- раскажува Боби од Брњарци, едно од местата кои беа најпогодени од невремето. Боби со својата сопруга само неколку минути пред стравотната несреќа стасал дома.
-
Македонија 10.08.2016 15:14
Се санираат штетите- работници, мештани, доброволци во акција
Работници, мештани, доброволци- во Стајковци и Сингелиќ продолжува чистењето по невремето. Секој нов ден, ново сведоштво за страотниот порој. „Одвај спасивме жива глава“- Мумин Мемеди сведочи за голготата на неговото семејство.
-
Свет 10.08.2016 14:50
Во Москва в среда ќе допатува турска делегација
По разговорот меѓу рускиот и турскиот претседател, Путин и Ердоган, во Москва в среда ќе допатува и поширока турска делегација. Се очекува посетата на турскиот министер на дипломатијата, како и воени власти.









