Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни.
Вести
-
Македонија 06.06.2016 11:11
-
Свет 06.06.2016 10:39
Најмалку три жртви во железничка несреќа во Белгија
Најмалку тројца мртви и 40 повредени во железничка несреќа на истокот на Белгија. Патничкиот воз превезувал околу 40 патници кон Лиеж. Со брзина од 90 км/ч удрил во товарен воз кој се движел на истата пруга. Од силниот удар, два од шесте вагони се откачиле и се превртеле.
-
Македонија 06.06.2016 10:27
Претседателот на Чешка во четврток во посета на Македонија
Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе ја посети Македонија и ќе биде примен од неговиот колега и домаќин, Ѓорге Иванов.
-
Македонија 06.06.2016 10:15
Ново рочиште за случајот „Диво насеље“
Во големата сала на Врховниот суд денеска, по неколку одложувања треба да почне судењето на обвинетите во предметот „Диво насеље“.
-
Македонија 06.06.2016 10:04
Продолжува расправата за предлогот за импичмент на претседателот Иванов
Во Собранието денеска треба да продолжи да работи Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција.
-
Македонија 06.06.2016 10:02
Хајдл утре во Македонија
Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, во вторник повторно ќе допатува во земјава. Тој најверојатно в среда ќе се сретне со лидерите на политичките партии.
-
Македонија 06.06.2016 09:45
Се очекува рекорден род на пченицата
Доколку се задржат поволните временски услови се проценува дека може да се очекуваат повисоки приноси на пченицата со повеќе од 3.000 килограми по хектар.
-
Економија 05.06.2016 17:13
Над 80 милиони евра инвестиции во 200 километри регионални патишта
Се работи на рехабилитацијата на регионалниот пат Кочани- Делчево. Договорот за негова реализација чини 6 милиони евра. Надлежните најавија- ќе биде изграден за 18 месеци.
-
Економија 05.06.2016 16:37
И во услови на криза, странските инвеститори вложуваат во Македонија
Странските инвеститори креираа повеќе од 50 илјади работни места во Македонија вели претседателот на Советот на странски инвеститори. Потенцира дека посакуваат стабилна политичка состојба, но иако се чувствува политичката криза компаниите повторно вложуваат, вели Петер.
-
Свет 05.06.2016 15:43
Со иновации до поголем економски раст
Иднината на развојот е во вложување во иновациите, воведување на одржливи екосистеми и изградба на паметни градови за милиони жители, оценуваат експертите од Јапонската агенција за меѓународна соработка и Американската агенција за меѓународен развој.










