Скопскиот Универзитет седма година по ред во учебната 2016/2017 ќе додели 240 стипендии на најдобро рангираните кандидати при уписот во прв циклус студии.
Одлуката ја донесе Универзитетскиот сенат на 39. седница одржана на 28 април оваа година.
Скопскиот Универзитет седма година по ред во учебната 2016/2017 ќе додели 240 стипендии на најдобро рангираните кандидати при уписот во прв циклус студии.
Одлуката ја донесе Универзитетскиот сенат на 39. седница одржана на 28 април оваа година.
Првата група од 180 холандски туристи со чартер лет претпладнето допатува на охридскиот аеродром. Гостите кои ја отворија годинашната туристичка сезона беа дочекани со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, пијалоци и торта.
Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ. Дизелот ќе се продава по повисока цена за 3 денари, а литар ќе се точи за 47 денари. Бензинот од 95 октани поскапува за половина денар и новата цена ќе изнесува 62,5 денари.
Најмногу дожд во текот на ноќта наврна во Куманово, 44 литри на квадратен метар, најмалку во Прилеп, 3 литри.
Забележано е високо ниво на воден талог и во други места во земјава, додека најстудено изутрината беше во Лазарополе со само 1 степен целзиусов.
Со опозициски форум подобро ќе се управува со кризата одвнатре, сметаат во Демократска обнова на Македонија. И невладините да се вклучат во разговорите за решавање на кризата.
Денеска не се одржа судењето за случајот „Пуч“. Зоран Заев и другите осомничени добиле решенија од судот дека постапките се запираат поради одлуката за аболиција од претседателот. Заев најави дека е можно правдата да ја бара и во Стразбур.
Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московици во Брисел ги претстави пролетните прогнози за еврозоната, економиите на земјите- членки и за земјите- кандидатки.
Европската комисија ќе ѝ даде на Турција условна дозвола за безвизен режим во рамките на Шенген- зоната, откако Турција се согласи да ги врати бегалците што дошле во Грција преку Егејско Море.
Најдобро решение за надминување на политичката е одржување на избори според предвиденото на 5-ти јуни, вели Маријана Петир, претседателка на неформалната група „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“ и европратеничка од Европската народна партија.
Астрономите од Европската јужна опсерваторија во Чиле открија три нови планети околу џуџеста ѕвезда оддалечена 40 светлосни години од земјата.
Нивната големина и температурата наликуваат на оние на Венера и на планетата Земја.