Европската комисија ќе ѝ даде на Турција условна дозвола за безвизен режим во рамките на Шенген зоната откако Турција се согласи да ги врати бегалците што дошле во Грција преку Егејското Море.
Вести
-
Свет 03.05.2016 11:01
-
Свет 03.05.2016 10:46
Аеродромот во Приштина времено затворен
Аеродромот во Приштина е времено затворен откако авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата при слетување по дождливото време.
Авионот летнал од Истанбул и превезувал 143 патници и осум членови на екипажот, но никој не е повреден.
Засега се откажани три лета.
-
Македонија 03.05.2016 10:42
Тројца повредени во сообраќајка кај Росоман
Три лица се повредени при судир на патничко возило и автобус синоќа во 21:15 минути на магистралниот пат Градско- Прилеп, во близина на Росоман, информираат од СВР Велес.
-
Македонија 03.05.2016 10:30
Мирни празници за дежурните медицински тимови
Невообичаено мирно минале празниците за дежурните медицински тимови. Во брза помош за првомајските празници имале деведест интервенции, мал дел биле итни и ургентни повици. Регистрирана е само една сообраќајна несреќа.
-
Македонија 03.05.2016 10:20
Над 90 илјади повици досега на „Ало докторе“
Во минатата недела граѓаните најмногу се жалеле на покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергии и убоди од инсекти, јавуваат од „Ало докторе“, телефонска линија за бесплатен медицински совет.
-
Македонија 03.05.2016 10:18
Трет ден Велигден
Денеска е трет ден Велигден, светол или велигденски вторник, што продолжува да се слави во домовите на православните верници.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.
-
Македонија 03.05.2016 10:09
Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар во текот на ноќта
Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар наврнаа во текот на ноќта, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
И денеска се очекува претежно облачно со врнежи од дожд и засилен ветар од северозападен правец.
-
Свет 03.05.2016 09:56
Тепачка во турскиот парламент
Турските пратеници повторно разменија тупаници. Хаосот се случил за време на комисиската расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува почнување судски процеси против неколку пратеници од Прокурдската партија по обвинение за тероризам.
-
Економија 03.05.2016 09:52
Зголемен извоз на конзервната индустрија
Преработувачите на зеленчук и овошје лани извезоа скоро 49 илјади тони готови производи, во вредност од 55 милиони евра, што е за 3 проценти повеќе од претходната година.
-
Македонија 03.05.2016 08:13
Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.










