Оџата Реџеп Мемиши од скопската џамија Тутунсуз нема да оди на судење. Тој е еден од шестемина кои се спогодија со обвинителството. Призна дека бил исламски свештеник со завршен теолошки факултет кој се борел во Сирија од страната на Исламска држава. За ова доби седум години затвор.
Вести
-
Македонија 25.03.2016 16:00
-
Свет 25.03.2016 15:42
Нова експлозија: Антитерористичка акција во Брисел
Во бриселската населба Шарбек во текот на големата антитерористичка операција на полицијата се слушнале две експлозии и истрели. Дел од медиумите јавија дека еден е убиен во акцијата, други дека е приведен.
-
Економија 25.03.2016 15:30
Почнува постапката за брендирање на мариовскиот мед
Веста дека двегодишната иницијатива на мариовското еколошко здружение „Кајмакчалан“ доби поддршка, ги крена на нозе одгледувачите на пчелни семејства. Меѓу нив и доајенот на оваа дејност, 90 годишниот Пандо Гламновски, и со испомешани емоции.
-
Македонија 25.03.2016 15:19
Судската администрација на протест
Вработени во управата и правосудните органи го трансформираа штрајкот во протест низ скопските улици. Велат дека кај надлежните нема волја да се надминат проблемите. Бараат измени на Законот за судска служба, повисоки плати и исплата на ветените пет проценти, враќање на старото работно време.
-
Свет 25.03.2016 15:15
Кери: Јас сум граѓанин на Брисел
Американскиот државен секретар Џон Кери го поддржа белгискиот народ со пораката: „Јас сум граѓанин на Брисел“. Тој потсети дека белгијците на истиот начин ги поддржаа американците по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.
-
Македонија 25.03.2016 14:48
Превентива од можни закани: Контрола на повратниците од воените жаришта
Македонските надлежни институции будно ја следат безбедносната состојба по терористичките напади во Париз и во Брисел.
-
Економија 25.03.2016 14:37
Лани во Македонија имало 70.139 активни деловни субјекти
Во Македонија лани имало 70.139 активни деловни субјекти од кои најголемиот дел, 80,2 проценти имале по еден до девет вработени.
-
Македонија 25.03.2016 14:25
Најсовремена опрема донирана на Институтот за трансфузиона медицина
Опрема за подобрување на квалитетот на дарувањето на крв, во вредност од 50 илјади евра е донирана на Институтот за трансфузиона медицина. Донацијата е дел од проектот за подобрување на стандардите во медицинската технолошка индустрија, кофинансиран од германската влада.
-
Македонија 25.03.2016 14:19
Шест обвинети во „Ќелија“ осудени од 5,5 до 7 години затвор
Шест од 11 обвинети во случајот „Ќелија“ пред судот признаа дека учествувале на воените боишта во Сирија и добија помала казна. Петмина се осудени на затворска казана од пет и пол години, а највисока казна од седум години доби првообвинетиот, оџата од Чаир.
-
Македонија 25.03.2016 14:11
Метео: Викендов утринските под нула, максималната температура до 15 степени
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот постои мала веројатност за слаб локален дожд и слаб снег на планините во западните региони.










