Денеска попладне во Хашкиот суд ќе биде изречена пресудата за Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Босанските Срби. Обвинет е за најтешки воени злосторства во Босна и Херцеговина, вклучувајќи и геноцид.
Вести
-
Свет 24.03.2016 11:14
-
Македонија 24.03.2016 11:08
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одбележува девет години постоење
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска со промоција на доктори на науки и на каталог на изданија на УГД го започнува одбележувањето на деветгодишнината од своето основање.
Настанот ќе се одржи во 12:00 часот во свечената сала во Ректоратот на УГД.
-
Свет 24.03.2016 11:04
ЕУ: Итен состанок на министрите за внатрешни во Брисел
Неформален, но итен состанок на министрите за внатрешни работи и за правда во Брисел по терористичките напади во европската престолнина.
-
Македонија 24.03.2016 11:01
Сообраќајот без забрани, по влажни коловози
Сообраќајот во земјава се одвива без забрани, по влажни коловози, информира АМСМ. Сепак оттаму предупредуваат за внимателно возење поради можности за одрони во делниците кои минуваат низ клисурите.
-
Економија 24.03.2016 10:35
Интерес за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа купи стан“ во Крива Паланка
Проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ вчера беа претставени во Крива Паланка, а голем број млади од општината покажаа интерес за проектот кој им нуди можност со субвенции од Владата да основаат сопствен дом.
-
Македонија 24.03.2016 10:28
Дожд во котлините, снег на планините
Дождливо време во земјава. Најмногу врнежи се забележани во Пожар, Радовишко- 54 литри на метар квадратен, Пожаране, Тетовско со 25 литри, Берово 24, Тетово и Виница по 20 литри.
-
Свет 24.03.2016 10:18
Околу 200 борци од Косово во Исламска држава
Косовската претседателка Атифете Јахјага соопшти во Вашингтон дека има околу 200 странски борци од Косово коишто се борат на страната на Исламската држава во Сирија и Ирак.
-
Македонија 24.03.2016 10:13
Закуп на државно земјиште поголемо од три хектари
Понудени се вкупно скоро 800 хектари од кои поголемите површини се во Штип 340, Струмица 120 и Велес 64 хектари.
Парцелите се наменски за сточарите, односно за производство на добиточна храна, житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години.
-
Свет 24.03.2016 10:08
Белгија: Евакуирана железничката станица во Монс подари закана за бомба
Најнова вест од Белгија. Евакуирана е железничката станица во градот Монс, на 60-тина километри од Брисел. Евакуацијата е поради закана од бомба, пишуваат белгиските медиуми.
-
Македонија 24.03.2016 09:14
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт.










