Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ќе престојува во општина Кочани.
Вести
-
Македонија 21.03.2016 10:32
-
Македонија 21.03.2016 10:31
„Ало докторе“: За една седмица 1.382 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата седмица имало 1.382 повици. Од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија, досега, имало 82.708 повици, соопшти Здравствен дом- Скопје.
-
Свет 21.03.2016 10:28
Барак Обама пристигна во историска посета на Куба
Американкиот претседател Обама доцна синоќа пристигна во Хавана, во историска посета на Куба. За време на посетата е предвидено е Обама да одржи средба со кубанскиот претседател Раул Кастро и со група политички дисиденти, а ќе зборува и во Националниот театар во Хавана.
-
Македонија 21.03.2016 10:24
Земјотрес почувствуван во Источна Македонија
Земјотрес со интензитет од III до IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, утринава во 4 часот и 36 минути е почувствуван во источните делови од Македонија.
-
Економија 21.03.2016 10:20
Охрид за Велигден со гости од странство
Охрид преполн за Велигденските и за мајските празници. Дел од хотелските капацитети долж ривиерата веќе се резервирани со туристи од Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Полска, но и од далеку источните земји, кои најчесто ги бараат тридневните и седумдневните пакет аранжмани.
-
Македонија 21.03.2016 10:12
Чешка полиција: Полицајците постапуваат професионално на границата
Во соопштението од чешката полиција се негираат пишувањата во некои медиуми за непрофесионален однос на чешките полицајци, распоредени на македонско- грчката граница, јавува МИА од Прага.
-
Свет 21.03.2016 10:05
Атина: Грција не е подготвена за спроведување на договорот меѓу Брисел и Анкара
Грција не е подготвена за спроведување на договорот меѓу Брисел и Анкара за враќање на мигрантите и бегалците од нејзина територија, изјавија во владата во Атина.
-
Економија 21.03.2016 10:01
Закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари
Вкупно на огласот се понудени скоро 700 хектари во 14 општини од кои поголемите површини се во Свети Николе 427, Штип 79, Берово 31 и во Битола 20 хектари.
Парцелите се наменски за производство на добиточна храна, житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години.
-
Македонија 21.03.2016 08:36
Одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Во организација на здружението „Трисомија 21“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром - 21 март, со цел да им се даде поддршка на овие деца и младинци. -
Македонија 21.03.2016 08:34
Конференција за положбата на Македонија во услови на мигратската криза
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи конференција на тема „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза“.









