Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинаа, а 35 се ранети во терористичкиот напад што се случи утринава на меѓунардониот аеродромот во Брисел, Пред двете експлозии, што се случиле една по друга, на терминалот за полетување на аеродромот „Завентем“ во Брисел, се слушнале истрели и пови
Вести
-
Свет 22.03.2016 11:33
-
Свет 22.03.2016 10:54
Најмалку 10 жртви во експлозијата во бриселската метро станица Малбек
Најмалку десет луѓе загинаа во експлозија во воз на метро станицата Малбек во Брисел, што се наоѓа во дипломатскиот кварт и во близина на институциите на ЕУ.
-
Македонија 22.03.2016 10:23
Седница на собраниската комисија за извештајот на СЈО
За денеска е закажана нова седница на собраниската Комисија за извештајот за шестмесечната работа на Специјалното обвинителство.
Вчера Јанева не дојде во Собранието. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот потег бил непочитување на Уставот.
-
Македонија 22.03.2016 10:20
Обвинителство формира комисија за изборни нерегуларности
Јавниот обвинител на земјава донесе одлука за формирање привремена комисија која ќе следи евентуални изборни нерегуларности што би биле направени при организирањето и спроведувањето на изборите на 5-ти јуни.
-
Македонија 22.03.2016 10:18
Претседателот Иванов во посета на Агенцијата за разузнавање
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе оствари редовна годишна посета на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов свечено ќе ја отвори првата музејска поставка на Агенцијата за разузнавање.
-
Економија 22.03.2016 10:15
Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Куманово, Крива Паланка и Кратово
Караванот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе ги посети Куманово, Крива Паланка и Кратово.
Презентациите ќе се одржат во 17 часот во Куманово во Домот на културата, а во Крива Паланка и во Кратово во општинските сали.
-
Македонија 22.03.2016 10:13
Случај „Диво насеље“: Сослушување на заштитени сведоци
Со сослушување на заштитени сведоци предложени од обвинителството, зад затворена врата, продолжува судењето за кумановските настани на 9-ти и 10-ти мај.
-
Свет 22.03.2016 10:10
Експлозија и во метро станица во Брисел
По експлозиите на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на институциите на ЕУ, јави белгиската телевизија РТБФ.
-
Македонија 22.03.2016 10:02
Субвенции за осигурување на добитокот
За осигурување во сточарството, осигурителнитe компании нудат пакети за угинување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.
-
Свет 22.03.2016 09:58
Најмалку 11 загинати во две експлозии на бриселскиот аеродром
Две експлозии на аеродромот во Брисел. Најмалку 11 луѓе се загинати, а 20-тина се ранети на аеродромот „Завентем“. Полицијата потврдила дека експлозиите се случиле околу 8 часот изутрината, предизвикувајќи сериозна материјална штета, без да дава детали дали се поврзани со тероризам.










