Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападите во Брисел, пренесуваат медиумските агенции.
Во трите експлозии кои изутрината одекнаа во Брисел загинаа најмалку 26 луѓе, а ранети се повеќе од 130, јавија белгиски медиуми.










