Дождот престана да врне и според надлежните од Сектрот за вонредна состојба, состојбата на теренот се стабилизира. Водостојот на реките се намалува и тие се враќаат во коритата. Полека се сумираат последиците, а штетата се проценува на над 2 милона евра.
Вести
-
Свет 09.03.2016 12:59
-
Економија 09.03.2016 12:14
Стапката на невработеност намалена на 24,6% во четвртиот квартал од 2015-та
Стапката на невработеност продолжува да се намалува.
-
Економија 09.03.2016 12:12
Индустриското производство во јануари со раст од 8%
Трендот на раст на индустриското производство продолжува и оваа година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, пораснало за 8%.
-
Свет 09.03.2016 11:58
Примирјето во Сирија за 24 часа прекршено 7 пати
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека примирјето во Сирија во последните 24 часа било прекршено 7 пати, и тоа четири пати во Алепо, два пати во Идлиб и еднаш во Латакија.
-
Економија 09.03.2016 11:52
Договорени прелиминарните транспортни дозволи за Италија за 2017 година
Македонските транспортери за 2017 година за Италија добија вкупно 5.550 прелиминарни транспортни дозволи.
-
Македонија 09.03.2016 11:40
Бесими на средба со генералниот секретар на МНР на Италија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска имаше работна средба со генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Италија Микеле Валенсизе, соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања.
-
Македонија 09.03.2016 11:07
Изминатото деноноќие не се издадени потврди за барање азил
Во текот изминатото деноноќие не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
-
Свет 09.03.2016 10:59
Северна Кореја произведе мини нуклеарни боеви глави
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун изјави дека Северна Кореја успеала да произведе мини нукеларни боеви глави, кои би можеле да бидат поставени на балистички ракети.
-
Економија 09.03.2016 10:31
Во Кичево ќе почне со работа новата фабрика за воздушни перничиња
Денеска напладне во Кичево е најавено пуштање во редовно производство на фабриката за воздушни перничиња, инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“.
-
Македонија 09.03.2016 10:27
Затворена балканската рута, нема влез на нови бегалци и мигранти на јужната граница
Словенија од полноќ ја затвори границата и нема да прима мигранти без валидни пасоши и визи, со што практично ја блокира балканската рута. Истите мерки ќе ги применува и Србија на границите со Македонија и со Бугарија, соопштуваат од српското МНР.










