7 активни пожари беснеат на територијата на Македонија. 2 се комплексни за гаснење, соопшти првиот човек на ДЗС, Ангелов. Еден од најтешките шумски пожари оваа сезона е пожарот кој пред два дена започна од преспанска страна, во подножјето на планината Пелистер.
Вести
-
Македонија 31.08.2026 14:33
-
Свет 31.08.2026 14:19
Кипар: Продолжува потрага по исчезнати по несреќата
Турција и властите на Северен Кипар продолжуваат со потрагата по 18 исчезнати лица, по превртувањето на ферибот со речиси 270 патници во близина на северниот брег на Кипар, при што загинаа најмалку осум лица, а 241 беа спасени. Капетанот и седум членови на екипажот се приведени.
-
Свет 31.08.2026 13:46
Киев петти ден под руски воздушни напади, Зеленски предупредува на промена во руската тактика
Киев и натаму е под руски воздушни напади, со експлозии кои петти ден по ред непрестано одекнуваат во градот. Погодена е печатница на периферијата, при што е уништен погон за печатење на над милион учебници пред почетокот на учебната година.
-
Свет 31.08.2026 13:08
15 планинари исчезнати по поплави во Гранд Кањон
Околу 15 планинари се водат за исчезнати по ненадејните поплави во Гранд Кањонот во Аризона. Досега 62 лица се евакуирани со хеликоптери.
Нема повредени, но властите предупредуваат на нови невремиња и можни поплави.
-
Македонија 31.08.2026 13:05
Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ, во фокус зајакнување на воздухопловните капацитети
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ, Раул Медина.
-
Македонија 31.08.2026 13:03
Штип и Свети Николе останаа без вода од невремето
Невремето во пробиштипскиот регион предизвика прекин на водоснабдувањето во Штип и Свети Николе. Заматеноста на водата на „Злетовица“ претставува проблем за пречистителните станици. Во Штип денес состојбата е стабилна и вода има, но денес без вода се граѓаните на Свети Николе.
-
Економија 31.08.2026 12:50
Пониски цени на горивата од полноќ – дизелот поевтин за 6,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.
-
Свет 31.08.2026 12:39
Непал: Спасувачки напори додека црниот биланс расте
Непал ги засилува спасувачките операции за стотици луѓе за кои се стравува дека се заробени во тунели на хидроенергетски проекти по ненадејните поплави. Во спасувањето помагаат екипи од Индија, Кина и Јужна Кореја.
-
Македонија 31.08.2026 12:05
Укината наредбата за запирање на истрагата за мазутот, ОЈО ГОКК задолжено да продолжи да постапува
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно п
-
Македонија 31.08.2026 11:41
Водата за пиење во Скопје безбедна
Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ во периодот од 24 до 27 август зел 164 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.










