Уште една ноќ на Блискиот Исток помина со сирени за опасност. Американската војска изврши нов бран напади врз цели во Иран. На удар системите за противвоздушна одбрана и радарски станици.
Вести
-
Македонија 13.07.2026 13:00
-
Македонија 13.07.2026 12:43
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Свет 13.07.2026 12:12
Жртви и повредени во пожар во паб во Бангкок
Најмалку 27 лица загинаа во огромен пожар што зафати паб во Бангкок. Се истражуваат причините за несреќата. Според извештаите, пожарникарите успеале да го стават пламенот под контрола за околу половина час, но резултатот веќе бил катастрофален.
-
Свет 13.07.2026 11:40
Украина нападна руска нафтена инфраструктура
Украина удри врз нафтените објекти на Руската Федерација, како и врз десет руски танкери и четири фериботи во Азовското Море. Москва возврати со ракети и беспилотни летала во повеќе украински региони.
-
Култура 13.07.2026 11:06
Вечерва на Скопско лето изложба на графика „Траги во графиката“
Вечерва на фестивалот Скопско лето ќе се отвори изложба на графика насловена „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев, во Национална галерија на Македонија – Мала станица, со почеток во 20:30 часот.
-
Македонија 13.07.2026 10:38
Во „Идризово“ продолжува судењето за кочанската трагедија
Во големата судница во „Идризово“ продолжува судењето за кочанската трагедија, со презентирање докази на обвинителството. Се очекува да бидат претставени градежните вештачења.
-
Свет 13.07.2026 10:04
Нови напади меѓу Иран и САД
САД извршија нов напад врз Иран. Иранските државни медиуми објавија дека загинало едно лице во југозападниот дел од земјата, а четворица се повредени. Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин.
-
Македонија 13.07.2026 09:32
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кај с. Владевци е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
-
Македонија 13.07.2026 09:09
Нема напредок за Изборниот законик
Нема напредок за Изборниот законик што е блокиран со илјадници амандмани. Иако „Левица“ се најави дека за денеска ќе организира средба по повикот од премиерот Мицкоски, опозицијата да излезе со единствен став, СДСМ соопшти дека на таков состанок нема да учествува.
-
Македонија 13.07.2026 08:24
Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осуммина министри и двајца заменици министри.










