Во работна посета на Агенцијата за разузнавање, престојуваа членови на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
Вести
-
Македонија 05.02.2016 14:48
-
Свет 05.02.2016 14:03
Панелот на ОН одлучи во корист на Асанж
Панелот на ОН објави дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж е „арбитрарно притворен“ и повика на негово ослободување.
-
Свет 05.02.2016 13:58
Курц од недела во повеќедневна турнеја по Западен Балкан
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц в недела ја почнува повеќедневната турнеја по земјите од западен Балкан, во текот на која треба да ја потенцира намерата на Виена и натаму да се ангажира за овој регион, посебно во поглед на членството во ЕУ.
-
Македонија 05.02.2016 13:42
Аневски: Специјалната обвинителка го прекршила законот
Специјалната обвинителка Катица Јанева го прекршила Законот за работни односи, отстранувајќи ги двете обвинителки, заклучи Советот на јавни обвинители. Тие се сѐ уште вработени во Специјалното јавно обвинителство, а за нивниот натамошен ангажман ќе одлучува Советот на следната седница.
-
Економија 05.02.2016 13:34
Во 2015-та извезени стоки во вредност од 4,051 милијарди евра
Македонија во текот на 2015 година извезла стоки во вкупна вредност од 249,613 милијарди денари или 4,489 милијарди американски долари, односно 4,051 милијарди евра, а увезла стоки за 355,947 милијарди денари, односно 6,399 милијарди долари или 5,776 милијарди евра.
-
Економија 05.02.2016 13:18
Исплатена јануарската пензија
Денес на сметките на 299.014 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 839 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Просечната пензија во Република Македонија за јануари изнесува 13.103 денари.
-
Македонија 05.02.2016 12:45
Од „Макстил“ украдени бакарни кабли вредни 700.000 денари
Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во „Макстил“ АД Скопје. Од погонот на фабриката на улицата „16-та Македонска Бригада“ одзел околу 400 метри бакарни кабли со што стекнал противправна имотна корист од 700.000 денари.
-
Македонија 05.02.2016 12:36
Над 60 илјади потврди за азил издадени од почетокот на 2016-та
Од почетокот на годинава до ноќеска на полноќ издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 60.146 странски државјани, а 10 лица побарале признавање право на азил, седум од Авганистан и три од Сирија, покажуваат податоците на МВР. Според државјанствот
-
Македонија 05.02.2016 12:10
2.000 лица заболени од грип, најмногу во Струмица
Минатата недела, близу две илјади граѓани со симптоми на грип се јавиле на лекар - покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. На удар возрасната група од 15 до 64 години.
-
Свет 05.02.2016 11:56
Вашингтон: Предупредување за граѓаните да не патуваат во Турција
Американските власти им препорачаа на своите граѓани да избегнуваат патувања во југоисточниот дел на Турција поради зголемени терористички закани во таа област.










