Претежно сончево и топло време во Македонија се очекува и утре со умерен повремено засилен северозападен ветер особено во западните делови од земјава.
Вести
-
Македонија 02.02.2016 14:40
-
Македонија 02.02.2016 14:36
МОН објави конкурс за стипендии за студии по старотурски јазик
Продолжува стипендирањето на студентите кои го изучуваат старотурскиот јазик. Ресорното министерство трета година по ред доделува 20 целосни стипендии за додипломски или постдипломски студии.
-
Свет 02.02.2016 13:55
Уапсени пет лица во Лион, подготвувале напади во ноќни клубови
Француската полиција уапси пет лица во град Лион, за кои постои сомнение дека подготвувале напади во ноќни клубови, а потоа планирале да избегаат во Сирија.
-
Македонија 02.02.2016 13:45
Кривични пријави за двајца Бугари за изработка на лажни платежни картички
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против две лица од Бугарија - Г.Т.А.(46) од Софија осомничен за „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и „соизвршителство“ и против М.Д.Д.(37)
-
Свет 02.02.2016 13:40
СЗО: Вонредна состојба поради вирусот Зика
Светот стравува од вирусот Зика. Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба и предупреди дека болеста експлозивно брзо се шири во Јужна и Централна Америка.
-
Македонија 02.02.2016 13:32
Промовирана веб страницата deleteME.mk
Со помош на новата алакта, веб страницата deleteME.mk, граѓаните ќе можат на ефикасен и транспарентен начин да се справат со нарушување на приватноста при користење на социјлните мрежи. Оваа алатка се применува и во Норвешка.
-
Македонија 02.02.2016 13:31
Димитриев на средби со новинарските и медиумските здруженија
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ќе има средби со претставници на новинарските и медиумски здруженија.
-
Економија 02.02.2016 13:23
Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места
Преку мерката за финансирање микро и мали претпријатија, за која се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари, ќе се отворат 200 нови работни места. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата.
-
Македонија 02.02.2016 13:21
Меџитлија и Стар Дојран затворени за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци
Граничните премини „Меџитлија“ и „Стар Дојран“ денеска повторно во одредени временски интервали ќе бидат затворени за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.
-
Македонија 02.02.2016 13:15
Рот: Политичката криза мора да се реши веднаш
Политичката криза во Македонија мора да се реши веднаш. Клучот е во Скопје, а не во Брисел. Важно е сите напорно да работат во исполнувањето на обврските од договорот од Пржино- порача државниот секретар за Европа во германското МНР, Михаел Рот.










