Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 22.08.2014 12:45

    Загина навивач во Бразил

    Бразилски навивач го загуби животот во тепачка на железничка станица во Сао Паоло меѓу навивачките групи на Палмеирас и на Коринтијанс. 31-годишниот Жилберто Переира бил удиран во главата со метални и дрвени прачки, по што лекарите во болница во Сао Паоло не можеле да му го спасат животот.

  • Фудбал 22.08.2014 12:44

    Зенит „загреан“ за Гуарин

    Голема е веројатноста дефанзивецот на Интер Фреди Гуарин да замине во Зенит. Двата клуба веќе преговараат, а медиумите шпекулираат со цена од 16 милиони евра. Колумбиецот сака да го напушти Милано подолго време, поточно откако го загуби местото во првиот тим.

  • Фудбал 22.08.2014 12:29

    Хауард сака одмор од репрзентацијата

    Голманот на САД Тим Хауард нема да игра за националниот тим наредната година. 35-годишниот чувар на мрежата реши привремено да и стави крај на репрезентативната кариера и повеќе да му се посвети на семејството.

  • Фудбал 21.08.2014 20:44

    Пелистер во осминафиналето!

    Пелистер не дозволи изненадување во дуелот со третолигашот Вулкан и се пласираше во осминафиналето на фудбалскиот  Куп на Македонија. Битолчани, кои имаат еден трофеј, славеа како гости со 2:0 со головите на Марковски во 53-та и во 80-та минута.

  • Фудбал 21.08.2014 16:58

    Ибраими и Марибор на победа во Глазгов!

    Во ситуација кога Пандев е во немилост на тренерот на Наполи, Бенитез кој не го ни пријави за настап во плеј – офот, Ибраими е единствениот потенцијален македонски претставник во Лигата на шампионите.

  • Фудбал 21.08.2014 15:04

    Билиќ суспендиран за реваншот во Лондон

    Славен Билиќ нема да го предводи Бешикташ од клупата на реваншот од плеј –оф рундата во фудбалската Лига на шампионите против Арсенал. Хрватскиот стратег беше исклучен во 94-та минута на првиот натпревар во Истанбул поради остра реакција кон главниот судија Милорад Мажиќ.

  • Фудбал 21.08.2014 15:01

    Атлетико размислува за Пандев?!

    Престижниот шпански весник „Марка“  го поврзува нашиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со Атлетико Мадрид.

  • Фудбал 20.08.2014 16:14

    Милер го одбил Манчестер јунајтед

    Напаѓачот на Баерн Томас Милер призна дека одбил голема финансиска понуда за да премине во Манчестер јунајтед. Шпицот на германската репрезентација, кој има титула од последниот Мундијал во Бразил, тврди дека англискиот гигант му понудил многу пари за да игра на „Олд Трафорд“.

  • Фудбал 20.08.2014 16:13

    Црвено светло во Монако

    Потпретседателот на Монако, Вадим Василев, најави можност клубот да се засили со уште некој фудбалер до крајот на преодниот рок. По двата пораза од Лориен и од Бордо во новото француско првенство, раководството на клубот од кнежевството размислува да го зајакне играчиот потенцијал.

  • Фудбал 20.08.2014 16:05

    Рал му заблагодарува на Кедира?!

    „Реал му покажа на Кедира каде е вратата“, напиша „Марка“ по вчерашниот прв натпревар од Супер купот на Шпанија на кралскиот клуб со Атлетико. На „Сантијаго Бернабе“ беше 1-1 пред реваншот на „Висенте Калдерон“, а германскиот репрезентативец не се наоѓаше ниту на клупата за резерви.

Pages