Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 16.08.2014 13:23

    Оскар му ја отстапи 11-та на Дрогба

    Дидие Дрогба јавно му се заблагодари на својот соиграч Оскар кој му го отстапи дресот со број 11 на повозрасниот колега. Со оваа бројка Дрогба играше за лондонските сини во првиот престој на „Стемфорд Бриџ“, а летово, откако повторно потпиша за Челзи играше во дресот со број 15.

  • Фудбал 16.08.2014 13:19

    Шампионот за први бодови!

    Работнички и Тетекс ќе бидат противници во воведниот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Филип втори“ шампионот ќе се обиде да ги освои првите бодови сезонава, а „штофарите“ веќе имаат еден, иако досега не постигнаа гол. Почетниот удар е од 20 часот.

  • Фудбал 15.08.2014 14:07

    Венгер без германскиот „Арсенал“

    Месут Озил, Пер Мертесакер и Лукас Подолски ќе го пропуштат првиот натпревар на Арсенал во годинашната сезона од Премиер лигата, лондонското дерби со Кристал Палас.

  • Фудбал 15.08.2014 13:57

    Поповолни услови за Стерлинг?!

    Ливерпул ќе ја зголеми платата на Рахим Стерлинг за четирипати, соопшти клупското раководство. Талентираниот англиски репрезентативец сега заработува 30 000 фунти неделно, а договорот му истекува за три години.

  • Фудбал 15.08.2014 13:47

    Буфон го поддржа Конте

    Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, му изрази поддршка на Антонио Конте, кој вчера беше назначен за селектор на „аѕурите“.

  • Фудбал 14.08.2014 16:53

    Одбиена жалбата на Легија!

    Иако загуби на теренот, Селтик и дефинитивно ќе игра во плеј - оф фазата за пласман во Лигата на шампионите. Дисциплинската комисија на УЕФА ја одби казната на Легија.

  • Фудбал 14.08.2014 16:32

    Тројца кандидати за најдобар фудбалер!

    УЕФА ја намали конкуренција од 10 на тројца фудбалери за најдобар во сезоната 2013-та – 2014-та. Во игра за драгоценото признание останаа Мануел Ноер, Кристијан Роналдо и Арјен Робен.

  • Фудбал 14.08.2014 16:04

    Нема помилување за Суарез!

    Спортскиот суд во Лозана ја потврди одлуката на ФИФА и суспензијата на уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез.

  • Фудбал 14.08.2014 14:27

    Сан Лоренцо јужноамерикански шампион

    Аргентинскиот клуб Сан Лоренцо триумфира во Копа Либертадорес, откако во реванш финалната пресметка го совлада парагвајскиот Национал со 1 : 0.

  • Фудбал 14.08.2014 14:01

    Конте – селектор на Италија?

    Според „Газета дело спорт“, Антонио Конте ќе биде новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација.

Pages