Утре почнува новата учебна година: за една деценија Македонија изгубила речиси 9.000 првачиња. Околу 14.500 досега се запишани за учебната 2026/2027 година, а конечната бројка ќе биде позната по завршувањето на уписите во септември, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Македонија 31.08.2026 11:17
-
Македонија 31.08.2026 10:58
Штип повторно добива вода за пиење по стабилизирањето на сировата вода од „Злетовица“
По стабилизирањето на состојбата со сировата вода од хидросистемот „Злетовица“, жителите на Штип повторно добиваат вода за пиење.
-
Македонија 31.08.2026 10:39
Судскиот буџетски совет ќе го разгледува предлог-буџетот на судската власт за 2027 година
Судскиот буџетски совет денеска ќе ја одржи 275-та седница, на која на дневен ред е Предлог-буџетот на судската власт за 2027 година, како и предлог-одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за август 2026 година.
-
Македонија 31.08.2026 10:00
Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Во фокус геополитиката и проширувањето
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 21-та Меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.
-
Македонија 31.08.2026 09:34
Седум пожари сè уште активни, за 24 часа регистрирани вкупно 24
Во изминатите 24 часа на територијата на земјава биле регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои седум сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 31.08.2026 09:05
Целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола
Од 05:15 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола, кај млин Осман е во целосен прекин.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 31.08.2026 08:52
Ново рочиште за серискиот убиец од Старо Нагоричане
Во Основниот суд во Куманово ново рочиште за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во кумановскиот регион.
-
Македонија 31.08.2026 08:45
Транспортните работници на протест пред седиштето на ЕУ
Превозниците денеска излегуваат на протест. Од 12 до 14 часот ќе бидат пред делегацијата на Европската унија во Скопје. Бараат решение за проблемот со престојот во Шенген зоната кој им е ограничен на 90 во последните 180 дена.
-
Македонија 31.08.2026 08:11
Сончево и топло, наместа ќе има услови за локална нестабилност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност.
-
Македонија 30.08.2026 19:16
Прилеп: Нема затворање на подрачните училишта, но има помалку првачиња
Нема затворање на ниту едно од 15-те подрачни училишта во прилепско, и, ниту еден наставник нема да остане без работа, ама се намалува бројот на првачињата. Ваква е сликата пред почетокот на новата учебна година за околу 5.600 основци во десетте прилепски основни училишта.










