Со свирежи во знак на револт камиони и товарни возила дојдоа на протест пред седиштето на ЕУ во Скопје. Бараат решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната.
-
Македонија 31.08.2026 17:09
-
Македонија 31.08.2026 16:17
ДКСК со препораки за Законот за финансирање на партии
Државната комисија за борба со корупцијата на седница донесе препораки за Законот за финансирање на политичките партии кои би спречиле, како што рекоа, идни регулаторни корупциски закани во уредување на оваа материја.
-
Македонија 31.08.2026 16:01
Училиштата се подготвени да ги отворат вратите за почетокот на новата учебна година
Училишното ѕвонче утре ќе го означи стартот на новата учебна година за 238.000 ученици. Во училишните клупи за првпат ќе седнат 14.952 првачиња. Училиштата се подготвени да ги отворат вратите за почетокот на новата учебна година, уверува министерката за образование Јаневска.
-
Македонија 31.08.2026 15:39
Од утре повторно железничка врска Зелениково-Скопје
Повторно се воспоставува железничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од утре на таа релација ќе сообраќа воз, осум пати дневно во двата правца. Според најавите, патувањето од Зелениково до Скопје и обратно ќе трае околу 25 минути, зависно од поаѓањето.
-
Македонија 31.08.2026 15:06
Шасивари-Тигањ: Хрватска, наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото.
-
Македонија 31.08.2026 14:33
Седум активни пожари во Македонија, два се комплексни за гаснење
7 активни пожари беснеат на територијата на Македонија. 2 се комплексни за гаснење, соопшти првиот човек на ДЗС, Ангелов. Еден од најтешките шумски пожари оваа сезона е пожарот кој пред два дена започна од преспанска страна, во подножјето на планината Пелистер.
-
Македонија 31.08.2026 13:05
Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ, во фокус зајакнување на воздухопловните капацитети
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ, Раул Медина.
-
Македонија 31.08.2026 13:03
Штип и Свети Николе останаа без вода од невремето
Невремето во пробиштипскиот регион предизвика прекин на водоснабдувањето во Штип и Свети Николе. Заматеноста на водата на „Злетовица“ претставува проблем за пречистителните станици. Во Штип денес состојбата е стабилна и вода има, но денес без вода се граѓаните на Свети Николе.
-
Македонија 31.08.2026 12:05
Укината наредбата за запирање на истрагата за мазутот, ОЈО ГОКК задолжено да продолжи да постапува
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно п
-
Македонија 31.08.2026 11:41
Водата за пиење во Скопје безбедна
Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ во периодот од 24 до 27 август зел 164 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.










