И по речиси осум децении, Катлановската бања не е само лек за болката туку и за душата. Кај потомците на децата бегалци од егејскиот дел, буди емоции за сè што преживеале и за тоа што останало како аманет.
-
Македонија 30.08.2026 15:51
-
Македонија 30.08.2026 15:21
Локализиран пожарот на Пелистер
Пламна Пелистер. Битолските пожарникари во борба со огнената стихија што од преспанска страна се прошири кон Националниот парк. Интервенција и на екипи на Територијалната противпожарна единица, работници и механизација од јавните претпријатија. Приватни компании обезбедија и тешка механизација.
-
Македонија 30.08.2026 13:11
На Табановце и Блаце се чека до еден час за излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 30.08.2026 11:38
Гори двокатен автобус кај видиковецот на Водно
Чадот кој може да се види од повеќе локации во Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Македонија 30.08.2026 09:49
Сончево и топло време со температура до 36 степени
Денеска нè очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.
-
Македонија 30.08.2026 09:18
Ставен под контрола големиот пожар кој навлезе во Националниот парк Пелистер
Пожарот кој избувна во атарот на село Mакази, во Pреспа, истовремено на најмалку две локации, и навлезе во националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола.
-
Македонија 30.08.2026 08:56
Силно невреме синоќа ја погоди североисточна и источна Македонија
Силно невреме синоќа зафати повеќе градови и населени места во североисточниот и источниот дел на Македонија. Пороен дожд, силен ветер и грмежи имаше во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница, Кочани и околните населени места.
-
Македонија 29.08.2026 18:42
Во огнената сезона на терен активни и доброволни противпожарни друштва
ДПД Архангел од Битола речиси две недели се бореа со пламените јазици во пелагонискиот и другите пожари во регионот.
-
Македонија 29.08.2026 13:26
Драматична битка со пожарите во струмичко
Пожарникарите од Струмица имале драматична борба со огнената стихија на четири локации истовремено. Пожарот кој доцна синоќа е ставен под контрола се ширел кон населените места, при што на помош пристигнале и противпожарните екипи од Радовиш и Валандово.
-
Македонија 29.08.2026 12:49
139 деца побарале лекарска помош во Тетово во изминативе 48 часа
139 деца со покачена температура, повраќање и дијареја побарале лекарска помош во болницата во Тетово во изминативе 48 часа, 12 од нив биле задржани на болничко лекување.










