Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 21-та Меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.
-
Македонија 31.08.2026 10:00
-
Македонија 31.08.2026 09:34
Седум пожари сè уште активни, за 24 часа регистрирани вкупно 24
Во изминатите 24 часа на територијата на земјава биле регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои седум сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 31.08.2026 09:05
Целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола
Од 05:15 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола, кај млин Осман е во целосен прекин.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 31.08.2026 08:52
Ново рочиште за серискиот убиец од Старо Нагоричане
Во Основниот суд во Куманово ново рочиште за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во кумановскиот регион.
-
Македонија 31.08.2026 08:45
Транспортните работници на протест пред седиштето на ЕУ
Превозниците денеска излегуваат на протест. Од 12 до 14 часот ќе бидат пред делегацијата на Европската унија во Скопје. Бараат решение за проблемот со престојот во Шенген зоната кој им е ограничен на 90 во последните 180 дена.
-
Македонија 31.08.2026 08:11
Сончево и топло, наместа ќе има услови за локална нестабилност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност.
-
Македонија 30.08.2026 19:16
Прилеп: Нема затворање на подрачните училишта, но има помалку првачиња
Нема затворање на ниту едно од 15-те подрачни училишта во прилепско, и, ниту еден наставник нема да остане без работа, ама се намалува бројот на првачињата. Ваква е сликата пред почетокот на новата учебна година за околу 5.600 основци во десетте прилепски основни училишта.
-
Македонија 30.08.2026 17:46
Власта и опозицијата продолжуваат со спротивставените ставови за дата-центрите
Претседателот на СДСМ, Филипче, се противи на европски проекти-велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакнаа, Националниот дата центар е обврска и од реформската агенда.
-
Македонија 30.08.2026 17:09
Намален број ученици, но нема затворање на подрачни училишта во Охрид
Помалку ученици, помали паралелки и постепена реорганизација. Вака охридските училишта ја започнуваат новата учебна година. Демографскиот пад се чувствува, досега се запишани 476 првачиња. Но и покрај тоа, од Општина Охрид велат нема да има затворање на подрачни училишта.
-
Македонија 30.08.2026 16:31
Обновен возниот парк на кумановската противпожарна единица, останува кадровскиот проблем
Нови возила, но недостиг на пожарникари. Кумановската противпожарна единица целосно го обнови возниот парк. Покраината Тирол од Австрија даруваше седум возила, но и опрема. Во тек е и иницијатива за формирање доброволни противпожарни друштва во руралните средини.










