Купишта смет околу контејнери, мини депонии пред училишта и градинки.
Наместо почист, тетовци добија повалкан град откако минатиот месец словенечка компанија го презеде менаџирањето со сметот.
Купишта смет околу контејнери, мини депонии пред училишта и градинки.
Наместо почист, тетовци добија повалкан град откако минатиот месец словенечка компанија го презеде менаџирањето со сметот.
За граѓаните на Македонија, Србија и Албанија, членките на иницијативата Отворен Балкан, од денеска им е овозможен слободен пристап до пазарот на труд. Тие ќе можат да живеат и работат без административни бариери и процедури. Од Белград известува Оливер Бранковиќ.
Прилепчани шокирани и потресени од синоќешното убиство на 14-годишното момче во центарот на Прилеп. Полицијата вели дека го расчистила случајот и се приведени две лица, од кои еден малолетник од селото Сенокос, од каде е и момчето. Малолетникот, велат го признал делото.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски ја објави неговата повторна кандидатура за претстојните избори.
Година и пол по изборот, шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази на прва средба со новинарите. На брифингот е најавено присуство и на државниот јавен обвинител Коцевски како и повеќе обвинители кои ќе одговараат на прашања за тековни истраги и судења.
Општина Центар во текот на утрешниот ден, ќе го санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов“, поради што граѓаните се известуваат дека во периодот од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот.
TИРЗ и Стопанската комора ја претставија првата генерација амбасадори во рамки на проектот „Иднината почнува дома“. 32 млади успешни и инспиративни луѓе од различни сфери беа избрани заедно со пошироката јавност, ТИРЗ и Стопанската комора.
„Секогаш секаде први“ ова е мотото на најелитната единица на армијата „Волци“, која со своето дејствување дома и во странство ги постави стандардите за професионална и високо обучена сила.
На 29.02.2024 околу 20.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец Е.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки.
Утрово во 06.55 часот на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го О.Б.(58) од с.Огњанци, скопско.