Дискурсот којшто се користи од страна на Бугарија кон Северна Македонија е сличен на дискурсот којшто го користи Русија кон Украина, рече премиерот Ковачевски во обраќањето на Самитот на Советот на Европа во Исланд.
-
Македонија 17.05.2023 14:12
-
Македонија 17.05.2023 14:05
Ризик од поплави се следи состојбата
Водата од реката Вардар во неколку села од Општина Јегуновце веќе е излеана на неколку места каде има поплавено ниви. Водостојот е критичен долж целото речно корито во Општина Јегуновце. Состојбата будно се следи. И тетовските реки со висок водостој.
-
Македонија 17.05.2023 14:05
Брза лента за законите за коридорите
Опозицијата критикува, власта повремено реплицира на пленарната седница на која се дискутира за работното време за работниците кои ќе ги градат коридорите 8 и 10д. Според ВМРО-ДПМНЕ паднаа маските на власта за грижата за работникот.
-
Македонија 17.05.2023 13:25
Пенов: Ги опремуваме сите противпожарни единици
Преку програмата за прекугранична соработка со Грција, што ја координира Министерството за локална самоуправа се обезбедени скоро 400.000 евра за да се минимизираат ризиците од шумски пожари и поплави во регионот, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на примопредавањето на опремата
-
Македонија 17.05.2023 12:53
Негативни демографски трендови – иселувањето ја празни Македонија
Сѐ помалку матуранти и студенти – иселувањето ја празни Македонија. Земјава се соочува со негативни демографски трендови.
Последниот попис, покажа дека населението во нашата држава рапидно старее. За речиси две децении, вкупното население се намалило за 10-ина проценти.
-
Македонија 17.05.2023 12:47
ССМ: Пратениците да не прават од работниците робови
Сојузот на синдикати на Македонија ги повикуваат пратениците на разум. 72 часа работно време не смее да се дозволи во Македонија, ги повикуваме пратениците да не прават од работниците робови, единствено поради тоа што тие робуваат и слугуваат на одредени структури, соопштуваат од ССМ.
-
Македонија 17.05.2023 12:42
Тренчевска: Не затаиле институциите во случајот со 14-годишното девојче
Не затаиле институциите во случајот со 14-годишното девојче кое две години било жртва на трговија со луѓе, вели министерката за труд и социјална политика. Девојчето не било во згрижувачко семејството. За неа и нејзиниот брат и сестра се грижела жена којашто му била позната на семејството.
-
Македонија 17.05.2023 12:37
Тик-Ток анестезиологот од Тетово осуден на една година и три месеци затвор
Анестезиологот од тетовската болница Валтон Дервиши кој споделуваше видеа од пациенти на „Тик – Ток“ е осуден на една година и три месеци казна затвор.
-
Македонија 17.05.2023 12:03
Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реките
Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реките во земјава. Вардар кај Јегуновце, кај железничкиот мост во Скопје и во Велес е над просекот во мај – покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 17.05.2023 11:53
Албанскиот јазик да влезе во Уставот, порача Таравари од Вашингтон
Лидерот на Алијансата за Албанците во САД на средби во Стејт департментот, Конгресот и во Сенатот. Таравари во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека албанскиот јазик не треба да стои како проценти, туку како јазик кој што и формално и правно се користи во државата.









