Традиционално со песни и народни ора, беа пречекани кумот и здравичарот на бадникарското сечење на гранчиња на дрвјата на падините на Водно во Говрлево.
-
Македонија 25.12.2022 16:51
-
Македонија 25.12.2022 16:32
Владата одвои средства за изградба на патот до село Луковица
Патот до село Луковица ќе започне да се гради напролет. Парите се обезбедени од Владата, откако месната заедница повеќе од 30 години, талкаше и молеше по институциите да постави асфалт на делницата долга 5 километри.
-
Македонија 25.12.2022 13:54
Инфраструктурата, приоритет на општините од источниот регион за 2023-та
Инфраструктурните проекти се најбројни во планот за работа на општините на истокот, догодина, но ќе се вложува и во објекти.
Во Кочани ќе се градат типски куќи за семејства во социјален ризик. Општина Пехчево ќе реализира проект во излетничкото место „Равна Река“.
-
Македонија 25.12.2022 13:43
Домот на пионери во Куманово со години запуштен и оставен да пропаѓа
Некогашниот Центар за детско творештво, меѓу кумановци познат како Дом на пионери, во минатото, дневно го посетувале по 1.000 дечиња. Денес објектот кој е во самиот центар на градот, нема никаква намена. Целосно руиниран, полн со смет, често е сврталиште на бездомници.
-
Македонија 25.12.2022 12:27
Скопје меѓу најзагадените градови во светот
Утринава Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот, според мерењето на квалитетот на воздухот. Градови од Пакистан, Гана, Киргистан, Индија се позагадени од нашата метропола. Најголема аерозагаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Центар и Ректорат.
-
Македонија 25.12.2022 10:58
Пожар во ТЕЦ Осломеј, електраната е исклучена
ЕСМ соопшти дека е исклучен ТЕЦ Осломеј поради пожар на јаглен, надвор од електраната во делот на отпепелување.
-
Македонија 25.12.2022 09:36
МВР: 161 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 25.12.2022 09:13
Претежно сончево со утринска магла по котлините
Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, особено во западните делови на земјата, а преку денот времето ќе биде претежно сончево и потопло.
Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.
-
Македонија 24.12.2022 19:01
Со програма за најмладите, почна новогодишната „Зимска приказна“ во Битола
Со скромно новогодишно руво, но со долга и обемна забавна „зимска приказна“ старата дама, Битола, ги одбројува последните денови од старата година.
-
Македонија 24.12.2022 18:36
Арбен Таравари избран за претседател на Алијансата за Албанците
Новоизбраниот претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави засилена кампања од врата на врата, со цел, како што рече, да се доближи партијата до сите граѓани, за поуспешно функционирање и професионализација на Алијансата за Албанците.










