Ова е ден кога треба да се потсетиме на жртвувањата на претходниците на оваа бригада кои придонесоа за постигнатото и чиј носител на традицијата е бригадата – рече полковник Бесник Емини во својот говор по вод одбележувањето на Денот на првата пешадиска бригада.
-
Македонија 02.04.2022 17:45
-
Македонија 02.04.2022 17:10
Владата и опозицијата со различни ставови околу разговорите на историската комисија
ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата да објасни што точно е прифатено, и кој е договорот меѓу македонската и бугарската историска комисија, откако Претседателот Ангел Димитров по средбата изјави, дека спорната тема Цар Самоил е затворена со договор за заедничко чествување.
-
Македонија 02.04.2022 15:02
Носење на национална стратегија, изградба на адекватни дневни центри и регистар на лицата со аутизам
Аутизмот не е болест туку состојба, но и синдром кој создава многу тешкотии за родителите. Со инклузијата во редовниот образовен процес и воведувањето на образовен асистент состојбите се малку подобрени но сè уште далеку од идеални велат родителите на децата со аутизам.
-
Македонија 02.04.2022 14:50
Поставено спомен обележје во велешкото село Долно Караслари за загинатите француски војници од Првата светска војна
Во велешкото село Долно Караслари поставено е спомен обележје за починатите француски војници од муслиманска вера од Првата светска војна. Него го постави Здружението за зачувување на француските спомени „Сувенир Франсе“ од Скопје и истото се наоѓа до спомен обележјето подигнато 1930 година.
-
Македонија 02.04.2022 13:26
Деинституционализација на лицата со попречености
Од над 400 лица помалку од 200 се останати во резиденцијалните установи во земјава, Демир Капија и Заводот во Банско. Се очекува до крајот на 2024-та година сите штитеници да бидат сместени во стамбени единици.
-
Македонија 02.04.2022 12:35
Олабавени мерки, ама цврста одговорност
Децата и младите без маски, возрасните со свесност и одговорност. Далеку сме од крајот на пандемијата иако сега нема бран, велат психолозите. Сфаќаат дека сме олабавени во потребата од нормализирање на животот. Но возрасните го носат товарот на обврските.
-
Македонија 02.04.2022 12:16
МВР: 157 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 157 возачи.
-
Македонија 02.04.2022 12:10
Горниот дел на Тетово повторно без вода
Ова е секојдневието на Ѓураије Рамадани. По неколку пати се симнува во долниот дел на градот да наполни вода, оти во нејзината населба Колтук, чешмите се суви.
И не само Колтук, сите горни населби на градот особено последниве неколку недели, мака мачат со водоснабдувањето.
-
Македонија 02.04.2022 11:32
Браните со само 50 проценти од капацитетот
Браните Липково и Глажња со кои Куманово и општина Липково се снабдуваат со вода се полни само 50 проценти од капацитетите. Сушниот период изминативе месеци со го направи своето.
-
Македонија 02.04.2022 11:18
Се градат ли нелегални објекти во Автокампот „Градиште“?
Жители од населбата Пештани коишто веќе 22 години водат правна битка за да им се вратат имотите во Автокампот „Градиште“ според законот за денационализација обвинуваат дека закупецот на кампот гради објекти од цврста градба во заштитено подрачје.










