Со предавање на ДНК профилите на роднините на покојните, почнува идентификацијата на жртвите кои загинаа во сообраќајната несреќа во Бугарија.
-
Македонија 26.11.2021 16:40
-
Македонија 26.11.2021 16:34
Унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан
„Има потреба од интервенција во законските решенија со кои статусот на сигурноста на работата на новинарите би се дефинирала како службена должност“ – рече претседателот на Собранието,Талат Џафери. Според него, новинарите се извршители на службени должности во име на граѓаните.
-
Македонија 26.11.2021 16:26
Мицкоски: Одговорност и оставки
Три дена, додека траеја прогласените денови на жалост, не излегувавме со оценки во јавноста за да не бидеме разбрани дека внесуваме политика во целиот овој процес. Но, нема да ги премолчиме очигледните пропусти, недоречености и барањето за одговорност за страшната несреќа - став на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 26.11.2021 16:19
Автобусот на „Беса транс“ користел лиценца од друго возило
Со лиценца од друго возило автобусот на „Беса транс“ го минал граничниот премин „Деве Баир“, велат од Министерството за транспорт. Од ресорот посочуваат дека со злоупотребата на документите превозникот свесно ги прекршил одредбите од Законот за превоз.
-
Македонија 26.11.2021 15:20
Пронајдено е уште едно тело во автобусот
Во дополнителниот преглед на автобусот што изгоре во Бугарија, пронајдено е уште едно тело. Станува збор за дете, потврдил за Бугарската национална телевизија, заменик-главниот обвинител и шеф на националната истражна служба, Борислав Сарафов.
-
Македонија 26.11.2021 15:00
Јовески потврди дека е пронајдено уште едно тело во автобусот
Претставници на Бугарското јавно обвинителство пристигнаа во земјава за да ги добијат анализите од земените примероци на роднините на починатите. Републичкиот јавен обвинител, потврди дека има уште една жртва во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“.
-
Македонија 26.11.2021 14:44
Одложени мерките против Ковид-19
Здравствените работници и јавната администрација куртулија од предложените мерки за задолжителна вакцинација за Ковид- 19.
-
Македонија 26.11.2021 14:10
Крушево: Потребна е регионална депонија
Десетина дена гори на крушевската градска депонија. Дождовите или снегот се одложување на проблемот. Од комуналното претпријатие велат дека има повеќе причини. Депонијата е на 10-ина илјади метри квадратни, на стрмно земјипште и дневно се депонира по 20 метри кубни смет.
-
Македонија 26.11.2021 13:56
Во Струга хоспитализирани само пет пациенти со Ковид-19
Состојбата со корона вирусот во струшко е стабилна. Во модуларната болница има само пет хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид. Најстариот има 84 години, а најмладиот болнички пациент е на возраст од 66 години. Само еден од нив е во потешка состојба на кислородна поддршка.
-
Македонија 26.11.2021 13:15
Стабилна состојбата со Ковид-19 во старскиот дом во Куманово
Состојбата со коронавирусот во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово е стабилна. Позитивни на вирусот нема, а се работи согласно протоколите. Посетите периодов повторно се забранети.










