Џагорот се претворил во силен плач. Едно училиште, многу тага. Наставата во „Исмаил Ќемали“ во скопски Чаир е прекината. Нема да ја посетуваат веќе неколку ученици кои заминаа засекогаш во кобната несреќа кај Струма.
-
Македонија 23.11.2021 15:12
-
Македонија 23.11.2021 14:53
Реакции и сочувство за несреќата
Со огромна тага, жал и неверување Балканот и Европа ја примија веста за трагедијата со голем број жртви, меѓу кои и деца. Писма и пораки за сочувство за загинатите и нивните семејства и солидарност во овие тешки времиња пристигнуваат од сите страни.
-
Македонија 23.11.2021 14:34
Дујовски: Најчест причинител за ваквите несреќи е човекот, да го почекаме извештајот на истражните органи
Ова е трета најголема несреќа од независноста на земјава. Најчест причинител за вакви сообраќајни несреќи е човечкиот фактор, а потоа техничката исправност на возилото, вели Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност.
-
Македонија 23.11.2021 14:25
Вратите на „Беса транс“ останаа затворени
Вратите на туристичката агенција „Беса транс“ утринава останаа затворени. Родните на патниците во кобниот автобус се пожалија дека не добиле никаква информација. За сообраќајната несреќа дознале од социјалните мрежи.
-
Македонија 23.11.2021 13:28
Документацијата за техничката исправност на автобусот предадена на бугарското обвинителство
Страшна трагедија се случи ноќеска околу 3 часот по полноќ. Автобус на „Беса-транс“ со кој од Истанбул се превезувале македонски државјани, се запалил на бугарската магистрала „Струма“, во реонот на селото Боснек. Во несреќата загинал и возачот.
-
Македонија 23.11.2021 13:10
Владата прогласи тридневна жалост за трагичната несреќа во која животите ги загубија 45 македонски државјани
Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
-
Македонија 23.11.2021 12:31
„Беса транс“ имала лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници
Превозникот „Беса транс“ БТБ од Скопје, ул. 1 бр.
-
Македонија 23.11.2021 12:14
МНР формираше кризен штаб за несреќата
Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб за несреќата.
Имајќи ја во предвид тешката несреќа во која многу македонски државјани ги изгубија своите животи, во МНР веќе фунционира кризен штаб во врска со несреќата.
-
Македонија 23.11.2021 12:04
Јовески ќе се сретне со бугарските истражители на местото на несреќата
Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.
-
Македонија 23.11.2021 11:47
Владата ќе ја одржи 120-та редовна седница
Владата денеска во 12 часот ќе ја одржи 120-та редовна седница со која ќе претседава првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.









