Претседателот Стево Пендаровски изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија.
-
Македонија 23.11.2021 11:40
-
Македонија 23.11.2021 11:33
Роднините пред „Беса транс“ бараат информации
Опожарениот автобус е на превозникот „Беса транс“ од Скопје. Роднините на патниците се жалат, превозникот останал нем за информации за несреќата.
-
Македонија 23.11.2021 11:14
Бугарското обвинителство почна истрага на местото на сообраќајната несреќа
Премирот Заев, министрите за здравство и за надворешни работи, Филипче и Османи во Бугарија, по несреќата во којашто загинаа 45 лица, меѓу кои и 12 деца.
-
Македонија 23.11.2021 11:00
Одложени активностите во Собранието
Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби.
-
Македонија 23.11.2021 10:32
Спасовски: Tим на МВР веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека по телефонскиот разговор со неговиот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Оддел
-
Македонија 23.11.2021 10:23
Јанев: Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа
Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа.
-
Македонија 23.11.2021 10:07
45 загинати, меѓу кои 12 деца во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија
Страшна трагедија се случи ноќеска околу 3 часот по полноќ. Автобус со македонски државјани се запалил на бугарската магистрала „Струма“, во реонот на селото Боснек. Според првичните и неофицијални информации загинале 46 патници, но точната бројка допрва ќе се утврдува.
-
Македонија 23.11.2021 09:46
Заев: Патниците се од Северна Македонија, причините за несреќата ќе ги кажат стручните служби
Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места.
-
Македонија 23.11.2021 09:25
Радев до Пендаровски: Десетиците изгубени животи се непростлива загуба
Шефот на бугарската држава, Румен Радев, утринава му изрази сочувство на својот колега, претседателот на Пендаровски, за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која загинаа неколку десетици македонски патници.
-
Македонија 23.11.2021 09:15
Филипче: Преживеаните се во стабилна состојба (ВИДЕО)
Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за новинарите пред болницата „Пирогов“ рече дека ги посетиле лицата кои преживеале во страшната автобуска несреќа, во која животот го загубија 45 македонски граѓани.








