Без поголеми проблеми, тече гласањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Се уште се присутни техничките, со терминалите за отпечаток на прст, но од општинските изборни комисии, велат техничарите се на терен и помагаат кадешто има потреба.
-
Македонија 17.10.2021 16:13
-
Македонија 17.10.2021 16:07
ДИК: Ако е потребно гласањето ќе продолжи и по 19 часот
Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на ДИК, Александар Даштевски, охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалнит
-
Македонија 17.10.2021 15:36
329 нови случаи со Ковид-19, починати 13 лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Про
-
Македонија 17.10.2021 15:21
Изборниот ден во Тетово со технички пропусти
Гужви по ходниците и во просториите каде се одвива гласањето. Новиот начин на гласање со биометриското идентификување поради што се појавија и проблемите, создаде редици пред и во гласачките места во тетовско.
-
Македонија 17.10.2021 14:47
Мирно и без поголеми застои се одвива гласањето на истокот
На истокот од државата гласањето тече мирно и демократски, но присутни се проблемите со апаратите за идентификација. Од ОИК во Штип велат дека проблемите ги решаваат тековно.
-
Македонија 17.10.2021 14:31
Во Струга изборите течат без неправилности, пријавени проблеми со уредите за отпечатоци
Изборниот процес во струшко тече во мирна, фер и демократска атмосфера, досега не се регистрирани неправилности. Единствениот технички проблем е функционирањето на фингер принт уредите.
-
Македонија 17.10.2021 14:20
ДИК: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто
Излезноста на гласачите до 13:00 на Локалните избори е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.
-
Македонија 17.10.2021 13:18
ОДИХР го набљудува гласањето и примената на новата технологија, оценка за изборите утре
165 набљудувачи од 29 држави ја сочинуваат набљудувачката мисија на ОДИХР за локалните избори. Од нив 126 краткорочни набљудувачи се поделени во тимови по двајца и распоредени на територијата на земјава.
-
Македонија 17.10.2021 13:08
МВР: Изборниот процес се одвива мирно
Досега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.
-
Македонија 17.10.2021 12:53
Во Битола се гласа мирно и демократски, со мали технички проблеми
По истекот на првата половина од изборниов ден констатацијата за Битола е дека засега повејува демократскиот дух, но на 170-те избирачки места на кое правото на глас можат да го искористат 80.882 граѓани се јавуваат често проблеми главно од технички карактер.









