Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен.
-
Македонија 30.06.2021 09:16
-
Македонија 29.06.2021 16:10
Отпис на камати и репрограмирање на долгови за над 150.000 граѓани
Повеќе од 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови, за да се олеснат економските последици од пандемијата на Ковид-19. Законот ќе овозможи граѓаните да ја исплатат само главницата на долгот на 12 рати.
-
Македонија 29.06.2021 16:04
Регистрирани шест нови случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово - по 1, соопштуваат од Министерството за здравство. Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1.
-
Македонија 29.06.2021 15:38
Судии, адвокати, вештаци вршеа увид на дивата депонија во Струга
Судскиот процес за струшката депонија денеска, наместо во судница продолжи со увид на лице место. Судии и вештаци вршеа идентификација на парцелата каде лежи дивата депонија во Струга и големината на натрупаниот отпад, кој изнесува десетина метри под и дваесетина метри над земја.
-
Македонија 29.06.2021 15:29
Тешко оди конфискацијата на пари и имот кои потекнуваат од нелегално богатење
15 милиони денари е највисоката сума што ја конфискувала државата и оневозможила незаконско богатење. Најмногу пари им се одземаат на оние што затајуваат данок.
-
Македонија 29.06.2021 14:33
На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што ѝ се тие потребни
Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на земјите и против интересите на самата Унија.
-
Македонија 29.06.2021 14:26
Заврши мисијата на македонските мировници во Авганистан
Заврши мисијата на македонските мировници во Авганистан. 19 години околу 3 илјади припадници на Армијата беа дел од силите на ИСАФ на различни задачи и позиции. Рамо до рамо со сојузниците го одржуваа мирот и стабилноста во Авганистан.
-
Македонија 29.06.2021 14:07
Од утре помасовна имунизација против Ковид-19
Денеска почнува дистрибуцијата на вакцината „Синовак“ низ сите пунктови од земјава. Од утре ќе стартува масовната вакцинација, се очекува дневно да бидат вакцинирани од 10 до 15 илјади граѓани.
-
Македонија 29.06.2021 13:29
Шекеринска до мировниците во мисиите во Авганистан: Вие бевте нашата влезница во НАТО
Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година.
-
Македонија 29.06.2021 13:13
Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди
Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на ООН или по конфликтот во 2001 година кога бевме домаќини на три НАТО операции, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот.










