Вирусот сега не е истиот, расте бројот на заболени. Во последните три недели се случува бум, со позитивни на Ковид-19 од над 1.200 на ден.
-
Македонија 05.04.2021 15:44
-
Македонија 05.04.2021 15:31
Филипче: Новиот сој остава посериозни последици, лекувањето трае подолго
Новиот сој на корона вирусот остава посериозни последици кај заразените, поради што и се лекуваат подолго, изјави на денешната прес- конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
-
Македонија 05.04.2021 15:05
Владата усвои нови мерки- полициски час од 20 до 5 часот, угостителските објекти се затвораат
Владата на денешната седница ги усвои новите рестриктивни мерки предложени од кризниот штаб, поради зголемиот број на заразени и починати од Ковид-19. Се очекува да се намали ширењето на заразата и да се намали притисокот врз здравствениот систем- соопшти премиерот Заев.
-
Македонија 05.04.2021 14:56
Адвокатите на Мијалков бараат да се ослободи од обвинение
Одбивателна пресуда во случајот Трезор да донесе судот за Сашо Мијалков затоа што обвинителството не ја докажа неговата вина. Ова го побараа во завршен збор адвокатите на поранешниот шеф на тајната полиција.
-
Македонија 05.04.2021 14:29
Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик
Негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации-порача претседателот на државата Стево Пендаровски.
-
Македонија 05.04.2021 14:16
Сѐ поголем бројот на млади лица заболени од Ковид-19
Пандемијата во Охрид не стивнува. Во Општата болница се хоспитализирани 110 лица, има околу 800 активни случаи, а вчера починаа 4 лица од кои најмладиот пациент имаше само 28 години.
-
Македонија 05.04.2021 13:59
Почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар
Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“.
-
Македонија 05.04.2021 13:04
Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021-ва година
Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31-ви мај 2021-ва година. Апликациите можат да се поднесат електронски, преку интернет- страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-
Македонија 05.04.2021 12:55
Шахпаска: Протоколите во градинките строго се почитуваат, состојбата е стабилна
Бројките се стабилни и нема екстремно покачување на бројот на заразени со Ковид-19 во градинките. Протоколите строго е почитуваат, соопшти денеска министерката за труд, Јагода Шахпаска.
-
Македонија 05.04.2021 12:55
Марка со ликот на Блаже Конески пуштена во оптек
Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денес е во оптек во 6.000 примероци, со што „Пошта на РСМ“ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање.








