Поставен е шатор пред инфективното одделение во Клиничка болница- Штип, барем малку да им се олесни на граѓаните кои чекаат тестирање за Ковид- 19. Опремен е со средства за дезинфекција, греење и два влеза.
-
Македонија 27.11.2020 16:51
-
Македонија 27.11.2020 16:43
Армијата и полицијата од денес ја обезбедуваат струмичката болница
Од денес струмичката болница ја обезбедуваат четворица припадници на Армијата, како и четворица полициски службеници. Од управата на болницата велат, доколку е потребно ќе бараат поголемо засилување.
-
Македонија 27.11.2020 16:27
За 4 дена 7.500 решенија за изолација на позитивни со Ковид- 19 и контакти со нив
Само во последните 4 дена инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат доставиле 7.500 решенија за изолација на позитивни со Ковид-19, како и на лица кои имале контакт со нив.
-
Македонија 27.11.2020 16:12
Димитров: Нема да се откажеме од европската иднина
Ниту еден сосед, ниту една држава има било каква правна основа во меѓународното и европското право, нам, на Македонците да ни кажува нешто за македонскиот јазик. Тоа е наша работа- изјави вицепремиерот за европски прашања Димитров за регионална телевизија.
-
Македонија 27.11.2020 15:15
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лаже, неспособен е да го организира здравствениот систем
Венко Филипче лаже дека е поминат пикот, исто како што лажеше дека ќе има само 2.000 заразени, а само досега има 60.000 и бројката се зголемува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 27.11.2020 15:02
Спасовски: Состојбата од безбедносен аспект е мирна и стабилна
Кризната состојба не значи повеќе полиција и војска на улиците, туку можност за користење на сите капацитети во борбата со Ковид- 19, вели министерот за внатрешни Спасовски. Од безбедносен аспект состојбата ја оцени како мирна и стабилна без разлика на прогласената кризна состојба.
-
Македонија 27.11.2020 14:49
Заев: Главен организатор на „27-ми април“ е Груевски
Поранешниот спикер Вељаноски, како и некогашните министри Јанакиески, Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски на настаните од 27 април во Собранието, рече во судницата премиерот Заев, кој беше сведок на одбраната.
-
Македонија 27.11.2020 14:37
Прилеп: Нема нови, градот се справува со зајакнати локални мерки
Прилеп нема нови, ама почна со зајакнатите локални мерки на Кризниот штаб. Матичните лекари ги прават списоците, се утврдуваат тимовите за работа во втора и трета смена на инфективното одделение како помош на исцрпениот медицински персонал. Волонтерите, пак, почнаа да помагаат низ градот.
-
Македонија 27.11.2020 14:30
Ковид- 19 однесе уште два млади животи во Битола
Ковид-19 зеде уште два млади животи во Битола. Меѓу шесте починати од последниот извештај, двајца биле на возраст од 38 и 39 години. Од Болницата велат дека и двајцата пациенти биле донесени во многу тешка состојба и со ниски сатурации.
-
Македонија 27.11.2020 13:00
Филипче: Епидемијата го достигна пикот минатата недела, бројот на активни случаи се стабилизира
Оптимистички тонови пристигнуваат од здравтсвените власти. Врвот на епидемијата бил достигнат минатата недела, кога беа регистрирани рекордни 1.400 новозаболени. Филипче вели, од тогаш бројките благо се намалуваат и се стабилизираат.









