Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струми
-
Македонија 21.10.2020 17:34
-
Македонија 21.10.2020 17:06
Експерти: Мерките се добри, само мора да се почитуваат
Во ваква состојба, порано бил намалуван бројот на автобусите наместо бројот на патниците. Ограничувањето на капацитетот на патниците во автобусите за 50 насто, ќе има смисла само ако и бројот на автобусите двојно се зголеми.
-
Македонија 21.10.2020 16:42
Хирург од Куманово ја загуби битката со Ковид-19
Хирургот Драган Тасевски вработен во Општата болница во Куманово, ја загуби битката со коронавирусот. Лекарот добил позитивен тест пред десетина дена, па поради сериозната клиничка слика, веднаш бил испратен на лекување на Инфективната клиника во Скопје.
-
Македонија 21.10.2020 16:25
Уредбата за намалување на патниците во јавниот превоз- удар за превозниците
Комби превозниците утринава забрзано го спечалуваа последниот денар, пред да настапи полицијата на терен, која од денеска ќе контролира дали се почитува владината уредба за намалување на капацитетите во јавниот превоз на 50 проценти.
-
Македонија 21.10.2020 16:05
30 проценти од младите годишно ја напуштаат државата
Речиси 30 проценти од младите годишно ја напуштаат државата. За одливот на мозоци треба да изнајдат брзи решенија, велат од невладиниот сектор. Бараат поврзување на образовните центри, формирање на кариерни центри и нова стратегија.
-
Македонија 21.10.2020 15:58
Законот за справување со дискриминацијата во Собраниска постапка
Законот не е во согласност со препораките на Венецијанската комисија и Греко, посочи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова. Таа заедно со своите колеги подготви 15 амандамани, кои мнозинството ги отфрли. Меѓу измените, е и предлогот на претседателот да биде фиксен на шест години.
-
Македонија 21.10.2020 15:41
Владата ги повика пратениците што поскоро да ги поддржат рестриктивните мерки
Владата и покрај прифатените мерки од Комисијата за заштита од коронавирусот сѐ уште смета дека не е време за прогласување вонредна состојба. Од „Илинденска“ повикаа пратениците безрезервно и час поскоро да ги поддржат рестриктивните мерки.
-
Македонија 21.10.2020 15:25
Шекеринска: Вака не разговараат членки на НАТО
Нова провокација од бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Во интервју за бугарско радио рече дека доколку е потребно, во Скопје ќе го испрател инженерскиот полк за да отстрани дел од спомениците каде што пишува „Бугарски фашистички окупатор“.
-
Македонија 21.10.2020 15:14
Расте бројот на заболени во Охрид, во болицата само три слободни кревети
Рекорден број на заболени од корона вирусот во Охрид. Во вчерашниот ковид боланс на Министерството за здравство се запишаа 23 новозаболени од Охридско. Една учителка е позитивна на Ковид-19, а 14 ученици се во изолација.
-
Македонија 21.10.2020 15:09
Модуларната болница се полни
Пациенти заболени со Ковид-19 почнаа да се примаат во монтажната болница, откако целосно се исполни Инфективната клиника. Тука се згрижени повеќе од 15 пациенти од сите градови низ државата, а има капацитет за 70 болни.










