Радовишкиот Дом за стари лица ствен во карантин. Двајца корисници позитивни на Ковид- 19 веќе се хоспитализирани во штипската клиника, а позитивни се уште четворица кои се сместени во домот, но се во добра општа здравствена состојба.
-
Македонија 21.07.2020 13:35
-
Македонија 21.07.2020 13:07
Почна судењето за „Меѓународен сојуз“, обвинетите не чувствуваат вина
Почна судењето за „Меѓународен сојуз“. Во образложението обвинителката Вилма Рускоска вели дека имаат докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот.
-
Македонија 21.07.2020 13:00
Само една тужба доставена до Управен суд, роковите течат
Иако речиси сите политички субјекти најавија дека ќе достават, досега само една тужба. Течат роковите за нивно поднесување до Управниот суд , откако Државната изборна комисија ги одби сите 2.142 приговори од партиите по објавување на резултатите од предвремените парламентрани избори.
-
Македонија 21.07.2020 12:01
ИЈЗ: Помал број на новозаразени на неделно ниво, најмногу новозаболени помеѓу 40-49 години
Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули 2020 година, кој што покажува намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела.
-
Македонија 21.07.2020 11:49
До 10 часот никој не поднел тужби до Управниот суд
До 10 часот утрово немало пристигнати тужби до Управниот суд, иако речиси сите политички субјекти најавија дека ќе достават.
-
Македонија 21.07.2020 10:39
ВМРО-ДПМНЕ: Извршниот комитет го овласти Мицкоски да преговара за составување влада
Извршниот комитет на опозициската ВМРО -ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да ги продолжи разговорите „во обид да формира ново парламентарно мнозинство“.
-
Македонија 21.07.2020 10:24
МВР: 385 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 385 прекршоци.
-
Македонија 21.07.2020 10:07
Владата ќе одржи седница
Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12:00 часот ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.
За заклучоците од седницата владината прес- служба ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.
-
Македонија 21.07.2020 10:01
Ковид-19: Досега заразени 9.249, активни 3.946 случаи
Од почетокот на епидемијата бројот на заболени граѓани со коронавирусот надмина 9.200, активни се над 3.900 случаи. Од вирусот починаа 432 граѓани.
-
Македонија 20.07.2020 16:57
96 нови случаи со Ковид-19, 10 починати, 61 оздравен
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе








