Течат роковите за поднесување жалби и приговори до Државната изборна комисија за спорведување на изборниот процес и резултатите од гласањето. 48 часа по можноста за нивна достава, за три дена ДИК ќе мора да донесе одлука.
-
Македонија 17.07.2020 10:32
-
Македонија 17.07.2020 10:03
Казни за 218 граѓани кои не носеле лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 218 прекршоци.
-
Македонија 16.07.2020 20:45
ДИК ги соопшти резултатите, поделбата на мандатите остана иста
Според конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, Коалицијата „Можеме” предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат,
-
Македонија 16.07.2020 16:58
Детска клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот
Министерството за здравство информира дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти.
-
Македонија 16.07.2020 16:42
Помалите партии со приговори за гласањето, се сомневаат во изборни нерегуларности
На Левица ѝ се крадат тројца пратеници, партијата на овие избори е оштетена минимум 10 илјади гласа- тврди претседателот на паријата. Се сомнева на голем хакерски напад кој чини неколку милиони евра. Најави приговори и кривични пријави до сите членови на ДИК.
-
Македонија 16.07.2020 16:34
Мицкоски: ВМРО- ДПМНЕ го има легитимитетот да состави нова влада
ВМРО– ДПМНЕ го има легитимитетот да состави нова влада. Разговорите започнуваат- рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски неоткривајќи детали, но посочи дека иако е подготвен за преговори, нема да прифаќа уцени ниту да коалицира со, како што рече луѓе осомничени за криминал.
-
Македонија 16.07.2020 16:17
СДСМ: ДИК да ги поправи грешките и да ги презентира точните резултати
Социјалдемократите ја повикаа Државната изборна комисија веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста. Од таму велат дека според податоците на изборниот компјутерски центар на партијата, разликата во корист на коалицијата „Можеме“ изнесува најмалку три мандати.
-
Македонија 16.07.2020 15:47
Нови 94 случаи со Ковид-19, осум починати, 42 оздравени
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2.
-
Македонија 16.07.2020 15:37
ДИК поднесе пријава до МВР за хакирањето на сајтот
Сајтот на Државната изборна комисија и денес повремено не работи. Од вчера нивната страница била цел на хакерски напади, за што било пријавено во Министерството за внатрешни работи. Утрово екипа за компјутерски криминал од МВР го испитува случајот, информираат оттаму.
-
Македонија 16.07.2020 13:16
Суспендирани летовите меѓу Италија и државава
„Виз Ер“ до 31-ви јули ги суспендира сите летови помеѓу земјава и Италија. Од авиокомпанијата велат одлуката е резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летови кон земјава.







