Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23
-
Македонија 17.07.2020 16:28
-
Македонија 17.07.2020 15:06
Протоколите на охридските плажи делумно се почитуваат
Делумно се почитуваат протоколите на охридските плажи. Денеска посетивме неколку капалишта на брегот на Охридското Езеро. Повеќе гости имаше само на градските плажи, таму каде нема концесиоенри, нема редари, ниту лежалки. Граѓаните велат се совесни, држат дистанца од неколку метри.
-
Македонија 17.07.2020 15:00
Битола: Загриженост по појавата на новите кластери
По последниот кластер што се појави во еден од тексттилните капацитети и во еден ден донесе 11 новозаболени лица со Ковид- 19, битолчани со поголема посветеност ги чекаат билтенот со инфицирани за последните 24 часа. Велат дека досегашната опуштеност поради ниската стапка веќе е нарушена.
-
Македонија 17.07.2020 14:49
ЕК очекува силен парламент и стабилна коалиција
Европската комисија очекува силен парламент и стабилна коалиција кои треба да испорачаат резултатите во однос на стратешката цел на земјата, исполнување на обврските кон ЕУ, и забрзување на реформите.
-
Македонија 17.07.2020 14:40
Антикорупционерите разгледуваа пријави за нарушувања на изборниот процес
До Антикорупциската комисија пристигнале приговори за нарушување на изборите од страна на вработени во јавната администрација. Вработен во МНР се пожалил дека министерството почнало дисциплинската постапка против него по распишување на изборите.
-
Македонија 17.07.2020 14:28
Течат роковите за поднесување приговори до ДИК
Откако Државната изборна комисија ги соопшти официјалните неконечни резултати од предвремените парламентарни избори, тече 48-часовниот рок за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите.
-
Македонија 17.07.2020 13:16
117.000 граѓани ќе летуваат во земјава
117.000 граѓани добија ваучери од 6.000 денари, за да го поминат одморот во земјава. За нив, од буџетот се издвоени повеќе од 15 милиони евра. Ќе добијат и картичка за домашни производи. Никој не е ограничен колку време ќе седи онаму каде што избрал да летува.
-
Македонија 17.07.2020 11:42
Над четири илјади заразени со Ковид-19 во Скопје
Над четири илјади заразаени со коронавирус се регистрирани во Скопје од почетокот на епидемијата. Речиси 1.830 се сѐ уште активни случаи. Во последниот ковид билтен, позитивни се осум проценти од тестираните во едно деноноќие.
-
Македонија 17.07.2020 10:59
ЕУ објави нова листа на земји на кои ќе им биде дозволен влез, Македонија повторно ја нема
Советот на Европската унија усвои нова листа на земји чии државјани од вчера им е дозволен влез во земјите на ЕУ, но на која Македонија повторно ја нема.
-
Македонија 17.07.2020 10:46
Потврдени случаи на „син јазик“ кај добитокот
Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста Син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница, општина Македонски Брод и во село Свињиште, општина Кичево.









