Попладне и во текот на утрешниот ден во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на дожд и ретки грмежи, а во сабота нестабилно со пороен дожд.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.
Попладне и во текот на утрешниот ден во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на дожд и ретки грмежи, а во сабота нестабилно со пороен дожд.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.
Државната изборна комисија попладнево ќе ги соопшти неофицијалните конечни резултати од вчерашните вонредни парламентарни избори.
Сѐ уште се врши прием на материјалот од Општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите, соопшти ДИК.
Грција го продолжи до 31-ви јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Северна Македонија.
Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија вчеравечер надлежните по затворањето на гласачките места.
Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери.
Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места.
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резулт
Од преброени гласови од 2.491 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 72 проценти од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ- „Обнова на Македонија“, која има 35,9 проценти.
Веб- страницата на Државната изборна комисија на која треба да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори (rezultati.sec.mk), повеќе од еден час не функционира.
Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше, оцени вечерва