Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски на пладне сам се пријавил во Истражниот затвор- Скопје.
-
Македонија 15.07.2020 15:08
-
Македонија 15.07.2020 13:59
ДИК: Излезноста до 13 часот 23,81 отсто
До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција.
-
Македонија 15.07.2020 13:08
Одѕивот на гласањето до 11 часот над 15 отсто
Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто. Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.
-
Македонија 15.07.2020 12:09
МВР: Во текот на изборниот молк регистрирани осум настани, шест во Скопје, по еден во Струмица, Гевгелија и Велес
За време на предизборниот молк, до 07 часот односно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес.
-
Македонија 15.07.2020 11:52
Изборите ги следат 2.551 домашни и 102 странски набљудувачи
Предвремените парламентарни избори ги следат 2.653 набљудувачи од кои 2.551 се домашни и 102 странски кои добија акредитации од Државната изборна комисија.
-
Македонија 15.07.2020 11:45
ДИК: Одѕивот на гласање до 11 часот изнесува 11 %
Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 отсто. До 11:00 часот на гласање излегле199 495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
-
Македонија 15.07.2020 10:49
Народен правобранител: Граѓаните да пријават каква било повреда на избирачкото право
Во канцеларијата на Народниoт правобранител, од 7 до 21 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, информираат од канцеларијата на Омбудсманот.
-
Македонија 15.07.2020 10:45
Од климатските промени ќе настрадаат житните и градинарските култури
Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е насоката на експертите за справување со последиците од климатските промени.Тие ги препорачуваат и автохтоните сорти како најадаптирани, кои со селекција може да развијат нови особини отпорни на претстојните промен
-
Македонија 15.07.2020 10:42
ДИК: Одѕивот до 9 часот од пет изборни единици 5,19 %
Гласањето на предвремените парламентарни избори во првиот час и половина минува непречено, а одѕивот на гласачите според податоците до 9:00 часот од 2.326 избирачки места, каде гласале 94.167 гласачи е 5,19 отсто, информираше портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција.
-
Македонија 15.07.2020 10:13
ЈО: Нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности
До овој момент, од почетокот на гласањето во Основните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот







