До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места.
-
Македонија 15.07.2020 21:33
-
Македонија 15.07.2020 21:09
Затворени гласачките места
Во 21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
-
Македонија 15.07.2020 20:31
ДИК: До 19 часот гласале 45,77% од гласачите
Најдоцна до 23 часот, според проценките на ДИК, ќе бидат обработени најголемиот дел од податоците од гласањето. Последната прес-конференција за одѕивот е закажана за 21 часот кога ДИК ќе ги објави податоците за излезноста до 20:30 часот.
-
Македонија 15.07.2020 18:01
ДИК: До 17 часот одѕивот на гласање 38,78 отсто
Државната изборна комисија попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.
-
Македонија 15.07.2020 17:55
До јавните обвинителства пристигнале 10 известувања, повеќето за агитирање и поткуп
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите попладнево информираше дека гласањето до 17 часот се одвива во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.
-
Македонија 15.07.2020 17:50
Отворена програма- Парламентарни избори 2020 вечерва од 20:55
Заврши партискиот натпревар, граѓаните ги слушнаа ветувањата, но слушнаа и снимени разговори. Што препознаа гласачите? Нивниот одговор вечерва пред храмот на демократијата во отворената програма на отворено, со Катерина Топалова и Стојан Трпчевски.
-
Македонија 15.07.2020 17:16
Нови 198 случаи со Ковид-19, четворица починати, оздравени 97 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-12, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-2, Тетово-9, Струга-3, Велес-2, Битола-11, Охрид-3, Гостивар-10, Радовиш-7, Кочани-1, Пробиштип-2, Деми
-
Македонија 15.07.2020 16:15
ДИК: До 15 часот излезност од 31,78 отсто
Одѕивот на гласачите до 15 часот е 31,78 отсто, соопштија од Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција. Обработени се податоците од 3.435 избирачки места на кои гласале 576.576 граѓани.
-
Македонија 15.07.2020 15:17
ОЈО: Пристигнати неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности
Од Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето информираат дека до 13 часот во Основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected], пристигнале неколку известувања
-
Македонија 15.07.2020 15:10
Едно лице приведено, МВР регистрира случаи на агитирање
Од отворањето на гласачките места досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, и се пријавени неколку случаи за нерегуларности за време на гласањето по кои постапува МВР.










