Денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија ќе се одржи тркалезна маса за етичката употреба на вештачката интелигенција во високото образование и медиумите.
-
Македонија 29.09.2026 09:17
-
Македонија 29.09.2026 08:12
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.09.2026 08:07
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
-
Македонија 29.09.2026 07:55
Продолжува Регионалната конференција за фемицид во Собранието
Во Собранието денеска втор ден се одржува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
-
Македонија 28.09.2026 20:07
Преку домашен ајвар до заработка и привлекување млади за подготовка – Ајверијада во Босилово
Жителите на Општина Босилово ги запалија ќумбињата и го презентираа процесот на подготовка на домашен ајвар. Четврта година по ред ја одржуваат манифестацијата Ајверијада за да ги промовираат и продадат домашните преработки од црвена пиперка традиционален начин.
-
Македонија 28.09.2026 18:57
Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската унија
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок во Скопје ќе се сретне со државниот врв. Посетата доаѓа во период кога Македонија ги чека информациите за новиот модел на проширување, но и барањето Брисел да посредува во решавањето на спорот со Софија.
-
Македонија 28.09.2026 18:42
Промоција на Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слух
„Јавната администрација е тука за сите граѓани. А тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на своите потреби и предизвици, треба да може да добие информација, услуга и помош на начин што му е разбирлив и достапен.“
-
Македонија 28.09.2026 18:04
Седум жени убиени годинава, институциите со предизвик да го спречат фемицидот
Од почетокот на годинава до сега 7 жени се убиени во земјава од партнер или член на семејството, лани 6 го изгубиле животот.
Една жена е убиена. Но трагедијата не започнала тој ден. Фемицидот е последниот чин. Како да се спречи пред да биде предоцна?
-
Македонија 28.09.2026 17:09
Нова жртва на вирусот западнонилска треска, почина 70-годишен маж
70-годишен жител на скопски Аеродром е нова жртва на вирусот западнонилска треска. Починал за време на викендот. Пациентот имал и придружни заболувања, потврди директорот Цана, а на Инфективна се лекувал 53 дена. Бил и на респираторна поддршка.
-
Македонија 28.09.2026 17:00
Бојковски призна вина за три убиства
Дваесет и петгодишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане призна вина за убиства на три жени. За еден од случаите негираше. Одговарајќи конфузно на прашања на обвинителството, во детали ги објаснија нападите, задоволувањето на сексуалниот нагон, како и двата обиди за убиства.










