Аудиоснимките покажуваат дека Заев влијаел врз одлуките на Обвинителството и на Врховниот суд, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според лидерот на партијата Мицкоски во државава мора да има неселективна правда. Утре протестен марш од Јавното обвинителство до Врховниот суд.
-
Македонија 24.02.2020 15:04
-
Македонија 24.02.2020 14:54
Критична состојбата на повредените од Романовце
Лекарите на скопските клиники се борат за животот на шестмината повредени кои настрадаа во вчерашната експлозија на плинска боца во кумановско Романовце. Состојбата им е неизвесна, петмина се на апарати за дишење. Лекарите објаснуваат дека имаат животозагрозувачки изгореници по телото.
-
Македонија 24.02.2020 14:01
Форум „Од Солун до Загреб“: Европска перспектива на Западниот Балкан
„Од Солун до Загреб“- форум за промоција на ЕУ перспективите на регионот, по иницијатива на Грција. Учествува и македонскиот министер за надворешни работи Димитров. Во фокусот, предизвиците и перспективите за унапредување на европската интеграција на Западниот Балкан.
-
Македонија 24.02.2020 13:36
Димитров од Солун: Март ќе биде тест за геополитичките амбиции на ЕУ
Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денес во Солун учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”.
-
Македонија 24.02.2020 13:08
МНР: Нема заболени наши граѓани од коронавирус во Италија
Министерството за надворешни работи врз основа на информациите добиени од Генералниот конзулат во Венеција соопшти дека до овој момент нема заболени наши граѓани од коронавирусот.
-
Македонија 24.02.2020 12:55
Повредените во експлозијата во Романовце во многу тешка здравствена состојба
Две жени на возраст од 35 и 50 години со изгореници од 80 проценти се во критична состојба. На Клинички е уште еден маж со изгореници од 40 насто. Во старата Градска болница се хоспитализирани три лица, меѓу нив и бремена жена.
-
Македонија 24.02.2020 12:16
Се подигнува степенот на подготвеност и превенција од коронавирусот
Степенот на подготвеност се подига на повисоко ниво, одлука на Комисијата за заразни болести по ширењето на коронавирусот во северна Италија.
-
Македонија 24.02.2020 12:00
Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“, рочиштето затворено за јавност
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, но рочиштето е затворено за јавност, поради сослушување на сведок, поранешен вработен во Управа за безбедност и контраразузнавање.
-
Македонија 24.02.2020 11:56
Викендов изречени 54 казни за паркирање во зеленило на Водно
За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за паркирање во зеленило и изрекоа вкупно 54 казни за парки
-
Македонија 24.02.2020 11:53
Обвинение заради внесување дрога во затворот Идризово
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против косовски државјанин кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори





