На Клиниката за инфективни болести во Скопје регистриран е првиот случај на коронавирус во земјава. Станува збор за пациентка родена 1970 година во Скопје, која еден месец престојувала во Италија, а веќе две седмици била болна со симптоми на грип. Била третирана во Италија, но не од коронавирус.
-
Македонија 26.02.2020 17:10
-
Македонија 26.02.2020 16:10
Оддадена почит на поранешниот претседател Трајковски
Дванаесет планинари од 14 до 74- годиншна возраст, маршираа четири дена. Од село Трибичино, преку Конче и Штип до Скопје. По изодени 200 километри стасаа до вечното почивалиште на загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски во алејата на великаните во Бутел.
-
Македонија 26.02.2020 15:38
Јавен увид во избирачкиот список до 11-ти март
Слаб интерес кај избирачите за јавниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април.
-
Македонија 26.02.2020 15:17
Засилени контроли на граничните премини
На граничните премини и на аеродромите засилана контрола на патниците кои доаѓаат од ризчни подрачја со регистрирани случаи на Коронавирус. Службениците со маски и заштитни ракавици. Се почитуваат владините препораки.
-
Македонија 26.02.2020 14:59
Димитров: Добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото
Поддршка од Чешка за почеток на преговори. „Добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото што ќе не донесе до целта отворање на пристапни преговори со ЕУ“, изјави шефот на дипломатијата Димитров во Прага.
-
Македонија 26.02.2020 14:55
Три нови сомнителни случаи на Коронавирус, двајца се негативни, за третиот се чекаат резултатите
Негативни се резултатите на Коронавирус и кај другите другите двајца пациенти. Имале симптоми, патувале во Италија, па сами се пријавиле да се тестираат на Инфективната клиника- потврдуваат здравствените власти. Се чекаат резултатите за уште еден пациент.
-
Македонија 26.02.2020 14:22
Почна судењето за организаторите на собраниските настани од 27-ми април
Знаеме кој ги отвори вратите на Собранието, но знаеме и кој им рече да го направат тоа.
-
Македонија 26.02.2020 13:05
Во предучилишните установи преземени се активности за дезинфенција, училиштата ги откажуваат екскурзиите
Се дезинфицираат чевлите, се пребришуваат подот и масите со специјални средства повеќе пати од вообичаеното. Во скопската градинка „Весели Цветови“ велат дека се преземаат сите активности. Поради владините мерки за заштита од Коронавирусот се внимава и на исхраната.
-
Македонија 26.02.2020 12:43
Нема заболени од Коронавирус во земјава
Засега нема заболени од Коронавирус во земјава, но два сомнителни случаја се тестираат на Инфективната клиника.
-
Македонија 26.02.2020 12:16
Димитров во работна посета на Чешка
Министерот за надворешни работи Димитров е во работна посета на Република Чешка. Имаше средба со чешкиот колега Томаш Петричек.




